Божиновски: Да не дозволиме затворите да се претворат во инкубатори на КОВИД-19 – тогаш целиот систем ќе крахира

You must need to login..!

Опис

Поради пандемијата на КОВИД-19 се соочуваме криза во глобални рамки, каде што државите треба да обрнат внимание на сите категории на граѓани – и на општата јавност и кон лицата кои се под нејзина грижа, односно затворениците, имајќи предвид дека затворениците и лицата кои се во притвор моментално се најранлива категорија, поради тоа што не се во можност да ги следат владините мерки и мерките на СЗО.

Иако се соочува со недостиг на дисциплина во општата јавност, со недостиг на следење на правилата, државата дефинитивно треба да обрне повеќе внимание и на затворите, изјави м-р Андреј Божиновски, правен експерт, говорејќи за состојбата во затворите и како да се заштитат во време на пандемијата од Коронавирусот.

Оние што изразуваат загриженост (директорите на КПУ) се токму избрани на таа функција за да ги овозможат тие работи, да овозмозат здравство и грижа на затворениците. Ова е нова ситуација со која тие се соочуваат и треба да се пронајде волја, сила и смелост како да се делува према оваа ранлива група, изјави Божиновски и додаде дека ние се соочуваме со можноста нашите затвори да се претворат во инкубатори на болеста.

-Доколку ова се случи, тогаш крахира целиот систем. Свесни сме дека има дел мерки кои предвидуваат ограничување на правата на затворениците додека се наоѓаат во затвор или во притвор, но тоа не значи намалување на нивните процесни права. Иако тие се во затвор или притвор тие не смеат да бидат заборавени од државата која е должна да ги гарантира тие права. На европско ниво Советот на Европа, вклучително и Комитетот за превенција од тортура упатува на низа мерки кои се насочени кон гарантирање на овие права. Моментално во Република Северна Македонија се имолементира мерката – забранета посета. Добро, во ред, но на кој се однесува таа мерка? На фамилиите, на бранителите? Без разлика на кој се однесува тие лица мора да имаат телефонски или видео конференциски можности да разговараат со своите адвокати, со своите фамилии бидејќи државата е должна да се грижи за нив. Ова зависи многу од полицијата, од ЈО и од самите судии. Но треба да знаеме дека Крвичиниот законик освен ретрибутивната страна има и преветивна страна. Наша должност е да укажеме на превентивната природа. Полицијата треба да престане речникот – Вие ќе бидете строго казнети. Не, треба да се избегнува притворање на лица, барање притвор, треба лицата кои се во ранлива категорија како бремени жени кои се во затвор или стари и изнемоштени мора да биде изедначени со општата јавност, вели Божиновски.

Околу потешките дела и непочитувањето на владините препораки а со тоа и евентуалното заразување на други лица, Божиновски вели дека во јавноста некои работи не се добро пренесени за да бидат појасни.

-Прво треба да има последица од делото за да може да се гони по тоа кривично дело. Затоа 85% од поднесените кривични пријави од полицијата до Обвинителството пропаѓаат во вода, бидејќи нема правен основ за гонење по тоа дело, смета Божиновски.

-Во однос на притворите и инцидентот што се случи вчера (тепањето на девојката од страна на две машки лица), Јавниот обвинител треба да биде непристрасен во својот прогон и доколку оцени дека треба да мерка притвор за овие лица, во барањето треба да насочи образложение зошто притворот е потребен во случај на пандемија. Ние сме згрозени, но институциите на прогонот се непристрасни во одлучувањето, јавноста тука не одлучува туку судијата кој ќе го и рече или одбие притворот од разни причини. Не секој случај на насилство повикува на притвор. Има и други мерки за обезбедување на присуство кои се исто така ефективни а се во насока кон спречување на пандемијата. На пример имате мерка куќен притвор, редовно јавување во суд. Улогата на полицијата тука е многу битна – што ако некои од тие насилници што вчлера ги видовме од грозоморното видео е инфициран од КОВИД-19 и него го ставите во притвор? Што се случува со здравите притвореници и наеднаш почнува да ја шири болеста? Доколку лицето биде во домашен притвор тој нема да може да го напушти живеалиштето. Државата обезбеди алки за лицата кои се во куќен притвор, изјави Божиновски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × two =