Богојески: Доаѓа крај на несовесните и антидемкоратски политики на бугарската Влада и оваа генерација на политичари

You must need to login..!

Опис

Треба да се знае дека паралелно со македонскиот Попис има и попис во Република Бугарија. Јас би ги повикал сите македонци во Бугарија да се попишат како Македонци. Тоа го нема графата во Бугарија, во системот, но можат да се попишат како други, останати а текстуално да појаснат дека се Македонци, изјави во Утрински брифинг Петар Богојески од Македонски концепт.

Сегашните модерни политичари во Бугарија се робови на болшевичката доктрина или она што се вика „живковизам“. Поради такви неодговорни политики ставија вето на Макеоднија и бројката од 72 во Македонија во целост во корпа за отпадоци ги фрла нивните болшевички политики против проширување на ЕУ на Балканот, додава Богојески.

Се согласувам со бугарскиот дипломат дека им доаѓа крај на несовесните и антидемкоратски политики на бугарската Влада и оваа генерација на политичари и дека тој крај многу брзо ќе дојде, смета Богојески.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × five =