Богојески: Граѓаните да не им простат на оние кои ги лажат веќе 30 години и да ни дадат шанса да направиме разлика

You must need to login..!

Опис

Имаме уникатна и издвоена кампања која е одлично прифатена од граѓаните. Настапуваме храбро и сакаме да се „тепаме“ со посилните. Сведоци сме на негативна кампања со премногу омаловажувања на лична основа и премалку конструктивна дебата помеѓу нас кандидатите. Едвај се појаввиме на неколку тв дебати со конкуренцијата. Скоро не се ни појавија вистинските конкуренти. Професорката Силјановска и Апасиев избегаа од дебата. Со тоа покажаа дека не се подготвени да се дебатира со конкуренти туку само да се користи црна кампања како адут, изјави во Утрински брифинг лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески.

-За време на кампањата не постои голем или мал, достоен или недостоен противник. Секој кандидат во изборната единица е кандидат на исто рамниште и сите започнуваме од почетна поддршка. Она кое го направија како најголем проблем сите политички партии без исклучок е засилување на апатијата кај граѓаните и желбата што помалку да се излезе на гласање. Јас апелирам дека со не излегување на гласање им помагаат на оние кои ги натерале да се чувствуваат така. Единствен начин да се направи промена на политичката сцена со нови актери е да се излезе на гласање, изјави Богојевски кој додаде дека Македонски концепт очекува поддршка од граѓани со силен личен интегритет, индивидулаци, луѓе кои се свесни за ситуацијата во земјава.

-Битна порака за оваа кампања е тоа што ние сме го погодиле во сржта нашиот проект во воведување на ново кривично дело – лажно политичко ветување. Во Македонија, во оваа кампања има ветување за вселенски центри, за зголемување на платите повеќекратно итн.

-Јас очекувам на овие избори граѓаните да не им простат на оние кои ги лажат веќе 30 години и да ни дадат шанса да направиме разлика во парламентот, вели Богојевски кој смета дека со влезот на пратеници од Македонски концепт како предуслов за избор на влада би го ставиле измената на изборниот закони и воведување на една изборна единица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nine − one =