Богојевски: ВМРО-ДПМНЕ е управувана од советскиот блок – Мицкоски го храни евроскептицизмот

You must need to login..!

Опис

Многу тешко беше да се објасни дека анти ЕУ и анти НАТО состојба во ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде ден кога ќе се мултииплицираат на ниво на целото општество и ќе стане општествен и јавен интерес. Во тој период сите ја перцепираа како внатрепартиска кавга во ВМРО и никој не ја сфаќаше ситуацијата на организирано поттикнување на евроскептицизмот. Многу е битно на прво место да биде интересот на државата, па потоа желбата за власт. Ако желбата за власт ја ставите пре динтересот на државата, тигаш буквално ја рушите државноста. Таква е состојбата со Мицкоски. Неговата желба е толку изразена, бидејќи он на начинот на кој ја перцепира партиската структура, гледа најголема поткрепа токму во проруските структури и желбата да ги поседува луѓето. Он највеќе ги поседува евроскептиците. Го храни евроскептицизмот како резултат на тоа расте проруското влијание, поголемо дури и од времето на Груевски, изјави во Утрински брифинг лидерот на Македонски концепт, Петар Богојевски.

Во овој момент ВМРО-ДПМНЕ ја управува советскиот блок. Тоа се мултиплицираше и на други политички структури. Факторизацијата на Левица се случи исто така на линија на анти ЕУ и НАТО. Популизмот на таа структура се гради исто така на истите емоции, што значи дека вкупната слика на македонската политичка сцена е таква да таму е сериозен процентот на евроскептицизмот и силината на руското влијание, смета Богојевски.

Мицкоски шансата да биде било кога премер во животот ја изгуби пред референдумот, кога не го согледа вистинскиот пат, туку тргна по погрешен правец. Тоа е завршена приказна и он никогаш нема да победи на избори, ниту пак ќе биде премиер. Она што е клучно е дека остануват неартикулирани огромен дел на проеврпоски ориентирани опозициски граѓани. И еден дел на граѓани кои ја поддржаа владата на Заев, сега се разочарани бидејќи владата го изгуби европскиот пат, сега пребегнаа кон друго – немаат кој да ги артикулира нивните ставови во опозицијата и они пребегнаа кон хејтање на државата и сега е добиен оној „државен песимизам“, вели Богојевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 + 14 =