Од : Дамјан Варошлија
You must need to login..!
Опис
Не сум оптеретен околу тоа дали да се кандидрам за нов мандат или не. Насочен сум кон се она што сум го ветил, колку што може да се стигне, бидејќи пола од мандатот ќе помине во време на пандемија. Опциите се отоврени, и за градоначалничко место, но и за повисока функција, изјави во Утрински брифинг, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.

Имам желба да ги менувам работите на подобро. Имам прилично искуство собрано, желба, елан и верба, додаде Богоев.
Во разоговрите со стручните служби во општината и со градежните комапнии, се уште постои простор за инвестирање, но мојата визија како градоначалник на Карпош заедно со градоначалникот на Скопје е дека градот генерално треба да се шири кон север, бдеијќи на југ е парк шумата Водно и неа треба да ја штитиме. Северен дел во општина Карпош е касарната Илинден и моментално документациски обезбедени се сите предуслови за пренасочување на масовната урбанизација во тој дел. Тоа значи дека ќе се намали притисокот врз одреден дел од општината и ќе се отвори фронт во друг дел, смета Богоев.

Има луѓе кои имаат средства и решаваат да инвестираат во недвижности, но добар дел се должи и на внатрешната миграција, што е случај и во другите држави. Претпоставувам дека импакт имаат и новите измени во делот „купи куќа, купи стан“, така што мислам дека целиот склоп на околности допринесува до ова што се случува сега, вели Богоев.
Во делови како касарната Илинден или Зајчев рид логично е да има инвестиции и развој. Градежништвото движи и други гранки во економијата. Она што е не логично и јас како член на ЗЕЛС се трудам и имам поддршка од претседателот е тоа општините доминатно да се финансираат од такси за уредување на градежно земјиште, попознати како комуналии кои се плаќаат при градба на куќа или зграда, бидејќи тоа ја диктира понатамошната политика. Никаде на запад не се финансираат доминантно локалните самоуправи од овие такси, туку од поголеми ставки од стабилните приходи, а тоа се даноците, смета Богоев и додава дека не се работи за зголемување на даноците туку за поголем дел од данокот кој веќе се плаќа да оди во општините.

Целиот разговор со градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, погледнете го во видето.
Tags
Слични видеа
Огненовски: „Демократи“ на изборите ќе ја понудат промената – спречување на пљачката од општинските каси, спречување на политичкиот и стопанскиот криминал
Се поготвуваме за локалните избори. Заеднички настапуваме со МОРО-рабортничката партија, разговараме и со други партии и организации кои сак
Стојановски: Заев направи брутално мешање во судската власт
Јас нема да ја коментирам пресудата која се очекува денеска да биде изречена за предметот „Таргет – тврдина“, не би сакал да пејудицирам н
Битиќи: Просечната плата ќе продолжи да расте, ако се влоши епидемиолошката состојба ќе делуваме со нови мерки
– Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи очекува во јуни годинава кога се заокружуваат 4 години од владењето на оваа Влада, просечн
Битиќи: Барањето на угостителите во овој момент е тешко остварливо, нас не интересираат работниците
Соработката со ресорните министерства се уште е на задоволително ниво, нагласи вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во денешнот
Андоновиќ: Москва и западот воздржани, опозицијата и војската во обид за уривање на ерменскиот премиер
Ерменскиот премиер Никола Пашињијан ги повика припадниците на ермнската армија да ја работат својата работа и да ја бранат државата, осудува
Мијалков, човекот од сенка што земјотресно ги стресе столбовите на државата, разговор со новинарот Љупчо Поповски
Со Мијалков не е поврзан само случајот Таргет – Тврдина, туку и врските кои со години тој ги имаше уште од времето кога беше шеф на военото р
Од 4-6 март, отворени денови на ФЕИТ
Од 4 до 6 март на Факултетот за елетротехника и информациски технологии ќе се одржат отворени денови на кои матурантите кои планираат да се зап
Стефановски: Во рашомонијадата со Мијалков од авион се гледа дека институциите не функционираат согласно правните норми
Јас не гледам сценарио во кое што оваа рашомонијада (случајот со Мијалков) која што се случи последниве неколку дена нема да биде оценерта нег
Велиу: Преку младински активизам до подобра животна средина
Веќе четири години сум приклучен во НВО секторот и сум волонтер во повеќе организации. Преку тие организации се надеваме дека ќе средиме неко
Славчо Попоски: Продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време, од недела заладување
Денес, како и во текот на следните денови продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време, повремено со умерена локална облачност. За вре
Достовски: Квалитетно решение за канабисот е надпартиски и наднационално прашање од кое сите ќе имаат бенефит
Проблемот е што секаде во воздух виси дека дебата треба да има, а реално ја нема. Намерно објавив на ФБ прирачник за тоа како човек за свои потр
Лазаревска: Борбата за демократија на опозицијата е само илузија пред граѓаните – целта е блокирање на Собранието
Формирани се работни групи за друг тип собраниски прашања, опозицијата бара тие да бидат активни два пати месечно. Пратеничката Жаклина Лазар