Богоев: За промени на Изборниот законик треба консензус, а не само желба на една партија

You must need to login..!

Опис

ВМРО-ДПМНЕ денеска до Парламентот ќе поднесат иницијатива за укинување на Пржинската предизборна техничка влада во која би требало да учествува и опозицијата. Тие бараат менување на десетина членови од Изборниот законик.

-Да се потсетиме како дојдовме до потреба за техничка влада. Тоа беше резултат на преговори. Техничката влада произлезе од она што го слушнавме во 2015 година од „бомбите“ како дравните институции се злоупотребувале во функција на изборите. Ако тоа беше причината, сега ми е драго што со ова барање опозицијата покажува дека оваа влада умее да организира фер и демократски избори, вели за Утрински брифинг Стефан Богоев, поранешен градоначалник на Карпош и потпретседател на СДСМ.

Тој додава дека промените на Изборниот законик мора да дојдат по пат на пошироки разговори и консензус, а не произволно како што сака ВМРО-ДПМНЕ.

-За нас е спорен начинот и тајмингот за ова барање на ВМРО-ДПМНЕ. Тие соочени со неуспехот на нивните градоначалници брзаат да има предвремени избори. Ние треба да разговараме и со коалициските партии, но и со помалите партии за тоа дали воопшто има потреба од техничка влада. Се наччна и прашањето за една изборна едицица и тоа се сегменти од Изборниот законик и имаме време до 2024 година да ги отвораме овие прашања, вели Богоев.

Сепак, помалите партии рекоа дека на новата влада ѝ оставаат шест месеци. Во парламентот оваа влада зависи од неколку помали партнери, а на ВМРО-ДПМНЕ им се брза на избори и се обидуваат да ја искористат ситуацијата.

-Ние сме подготвени за промени на Изборниот законик, но треба да бидат подготвени и другите за изборите да бидат легитимни, вели Богоев.

Ако процесот на симнување на бугарското вето напредува во следните шест месеци, постои можност со цел постигнување на консензус со билатералниот договор да се излезе на предвремени избори.

-За темата со Бугарија слушаме едно во јавноста, а кога дојде бугарскиот премиер во Скопје реториката беше сосема поинаква, вели Богоев и додава дека е добро ако опозицијата се согласува со државните политики кои се стратеки важни.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

15 − 8 =