Богоевски: Последните вести што ги имаме се дека Олимпијадата во Токио сигурно ќе се одржи

You must need to login..!

Опис

Секојдневно сме во контакт со Меѓународниот олимписки комитет и последните вести што ги имаме се дека Олимпијадата сигурно ќе се одржи. Она што во последно време се пишува и доаѓаат вести од Јапонија е анкета која е направена меѓу населението дали се расположени или не да се одржат. Проблемот е што има пораст на пандемијата и се плашат дали да се одржат игрите не заради спортистите, туку од публиката која би дошла на ова големо, значајно такмичење, изјави во Утрински брифинг спортскиот директор на МОК и поранешен одбојкар Владимир Богоевски и додава дека организаторот размислува на кој начин би се одржале, во поглед на публика, рестрикции во бројот на гледачи итн..

Мислам дека ОИ треба да се одржат без разлика на сите проблеми кои ги имаме во овој момент. Не се само проблем спортистите кои можеби ќе треба да се вакцинираат, заедно да се хранат, да тренираат, бидејќи тоа е проблем кој е решлив. Пример за тоа е НБА каде не се рашири пандемијата. Значи проблемот нема да биде во Олимпиското село, туку надвор, вон селото, контактот со публиката и населението во Токио. Имаме проблем што сѐ уште спортстите не се квалификувани, бидејќи голем број на натпревари не се одржани, смета Богоевски.

Кај нас проблемот е што имаме страшен проблем бидејќи спортот е на доста нискио гранки. Иамме само еден квалификуван спортист, тоа е борачот Нуров, кој беше трена СП. Се надеваме дека уште еден борач би можел да се придружи и наш најголем адут за тие А олимписки норми се Емил Павлов во карате и Дејан Ѓеоргиевски кој освои сребро на ЕП. Имаме уште една такмичарка во ритмичка гимнастика која на последно СП беше меѓу 15-те најдобри, вели Богоевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 + five =