Богоевски: Политичката драма ќе трае, веќе го гледаме шерифувањето на ВМРО-ДПМНЕ

You must need to login..!

Опис

-Дали одлуката на Заев за оставките е правилна ќе покаже времето. Локалните избори особено за град Скопје секако дека имаат влијание и врз централното владеење.

-Многу е лесно да се правите генерал после битка. Заев претставува нов бренд на политичар на балканот, претставува човек што испорачува тоа што ќе го најави.

-Најправилно ќе беше да не го најавеше идниот чекор, да не ги најавеше оставките но сепак тоа е негова проценка и негова одлука…

-Претпоставувам дека причината за таа одлука е да им се укаже на граѓаните што ќе се случува ако се врати ВМРО – ДПМНЕ, и веќе гледаме што се случува во општините каде ја презедоа власта.

-Најавуваат дека нема да го почитуваат договорот од Преспа, а со тоа и уставот повикувајќи се на закон. Законот никако не може да биде над уставот и доколку има некој закон кој не соодветствува со уставот тој мора итно да се измени или исфрли.Одмазди на локално ниво против луѓето кои виле вработени во време на претходната власт.

-Во четврток никој не може да каже што ќе се случува, од искуство кога станува збор за ваквите напнати ситуации неизвесноста ќе трае до последната секунда…

-Мора да расчистиме дека има законски и незаконски притисок врз пратениците, а органите кои се надлежни мора да ги расчистат случаите на поткуп, закани, уценувања, вели поранешниот пратеник, Павле Богоевски.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 + fourteen =