Богоевски: Оние што го загрозуваат Уставниот поредок на државата не може да се наречат „уставобранители“

You must need to login..!

Опис

Прво, сакам да им честитам на организаторите бидејќи беше мирен и ненасилен протест. Импликациите по здравјето на луѓето се сосема друга работа.

Но тука се поставува прашањето дали можат тие луѓе кои денеска одговраат за своите постапки на 27 април да бидат наречени бранители на Уставот. Одговорот е не. Не може луѓе кои организирано, насилно, предвреме подготвено и испланирано влегуваат во зградата каде е нашишан тој Устав и ги напаѓаат, се обидуваат да ги убијат токму луѓето кои што Уставот ги овластил да ја вршат својата работа таму, плус, новинари, медуиумски работници и останат персонал да се наречат уставобранители. Не може да речеме дека човек кој што свесно влегува со таква намера во тој објект е бранител на Уставот. Дали тие луѓе се терористи? Се што треба да знаеме е да ја погледнеме дефиницијата на Кривичното дело – тероризам. Првиот елемент е самата намера на дејството – намерата е загрозување на Уставниот поредок на државата. Целта на влезот во Собранието е да се спречи мирната транзиција на власта. Второ – се нарушува безбедноста.

Самото влегување во Парламентот на таков начин е нарушување на безбедноста на самата држава и нарушување на личната безбедност и сигурност на луѓето кои што се внатре. Насилство очигледно е дека имаше, колку и да сакаат да го негираат тоа. Имавме пронајдени и неексплодирани експлозивни направи. Намерата беше да се прикаже закана, ако не и да се предизвика граѓанска војна на етничка и на партиска основа во државата. Ако така ги разгледаме елементите ќе видиме дека правниот систем и кривичното право не остава ниту една друга можност за тие луѓе да бидат наречени поинаку од терористи, изјави во Утрински брифинг граѓанскиот активист и поранешен пратеник, Павле Богоевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × one =