Богоевски: Доградба на правниот поредок и враќање на изгубените права на невините жртви од режимот на претходната власт

You must need to login..!

Опис

Во законска процедура влезе законот со кој се третира проблематиката за преотварање на судските процеси.

Морам да искажам задоволство од почнување на процедурата за донесување на законот за преиспитување на факти и докази користени во судски постапки. Многу е значаен чинот за донесување на ваков закон предложен од пратенкот Павле Трајанов, а поддржан од министерот за правда. Ова е закон каков што ние баравме, изјави во Утрински брифинг Слободан Богоевски, почесен претседател на Комитетот за човекови права.

Во јавноста преку разно-разни извештаи се говори дека бројот на жртвите е многу голем. Уводот во АКМИС-от покажа дека има 43 случаи. Кои се очекувањата? Тие се повеќедимензионални.

Основно е да им се вратат изгубените права на невините жртви во овие постапки. Мора да се направи обид, не само да се вратат правата на овие жртви, туку да се направи доградба на правниот поредок и никогаш повеќе да не се случат. Ова не е само интерес на позицијата, туку и на опозицијата, бидејќи власта е менлива. Ова би било добра брана и доградување на правниот поредок кој ќе ги гарантира човековите права слободи гарантирани со нашиот Устав, смета Богоевски и додава дека на ваков начин не се бара да се биде амнестиран, туку да се врати правото тие што обвинуваат да докажат со вистински докази и процедура дали некој е виновен или не.

-Во кратки црти, да се овозможи фер судење кое го немало. Имавме масовно кршење на пресумпцијата на невиност. Фасцинантно е дека сите луѓе кои беа на ваков начин третирани – како е напишана пријавата од МВР, истото во пресуда го пишуваше и во првостепена, второстепена судска одлука. Тоа говори дека судот не ја играл улогата на заштитник и гарант на човековите права, смета Богоевски.

Целиот разговор со Слободан Богоевски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve + four =