Богоевски: Антидржавен анекс со Бугарија немаше, останаа амандманите на Левица, нивните пижами и велигденски јајца

You must need to login..!

Опис

Првата работа што треба да се каже за самата тактика на поднесување амандмани, односно т.н филибастеринг е дека тоа е всушност сосема легитмина стратегија, претежно употребувана од опозицијата која се соочува со прашања кои се идеолошки спротивни и одбира да се блокира целата работа на институцијата. Тоа е во ред, но типот на прашања за кои што се прави таа работа е клучна работа. Тоа ја прави разликата помеѓу легитимен филибастеринг или станува збор за блокада со цел собирање на политички поени и билдање на рејтингот. Официјална причина, во случајов „Левица“ беше дека тие се обидуваа да го закочат „антидржавниот анкес со Бугарија, кој деновиве го крчка Заев“.

Тоа беше кажано пред две седмици, деновите поминаа, анекс немаше и единствено што остана е блокадата, амандманите на Левица, пижамите и нивните велигденски јајца. Со ова станува очигледно дека единствена цел не е да се спречат некои штетни антидржавни политики, бдејќи дури и да има таков некаков анекс, тој кога ќе дојде во Собранието, тие тогаш можат да поднесат амандмани. Ова што сега го гледаме има единствена цел – да се блокира Собранието, да се ограничи правото и должноста на пратениците да ја вршат својата должност во време на пандемија и неприлики со кои светот се нема соочено цел век. Да можноста за онлајн работа не е предвидена, но никој не можеше да предвиди дека светот ќе се наоѓа во овој тип на околности. Адаптирањата во други области се направија, политиката која е најподложна за манипулација останува нерешена, изјави за Утрински брифинг поранешниот пратеник Павле Богоевски.

Парите кои што партиите ги земаат од држава се потребни. Една работа е дали висината е голема или мала, друга работа е дали кратењето е доволно, но дали воопшто треба да има пари кои се даваат од државата на париите – мојот став е да, треба. Причината е следна. Прво тоа е и на светско ниво уредено, и мал број на држави може да се изборјат, претежно држави кои не се демократски. Фактот дека партиите обебедуваат средства надвор од чланарина ги прави многу помалку подложни на надворешно влијание од приватни субјекти, а со самото тоа многу помалку подложни на корупција.

Реалноиста дека државата им дава пари на партиите и дава право на државата д анаметнуцва дополнителни ограничувања на тоа како се трошат тие пари, на што можат да се трошат, што претставува незаконско финасиско работење, а што не, бидејќи ако имате приватни пари тогаш многу помалку може да го ограничите нивното трошење. Исто така обврските за отчетност како се трошат државните пари се многу поголеми токму поради фактот што тие пари потекнуваат од џебот на граѓаните , вели Богоевски.

Целиот разговор со Богоевски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 + 13 =