Богдановиќ: Да скинете пломба на инспектор на Државна управа е кривично дело, пријавата нека биде пример за сите

You must need to login..!

Опис

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Димитрија Јовановиќ, сопственик на кафе барот „Интермецо“. За мотивот денеска тој зборуваше во Утрински брифинг.

-Еднаш имавме рушење за нелегална градба, потоа им изрековме решение дека треба да си ја усогласат музиката, односно бучавата согласно децибелите кои се пропишани. Тоа решение не беше поставено. Вториот пат, како што наложува Законот изрековме казна која не е платена. Третиот пат Законот вика дека доаѓа до затворање. Пломбата беше отстранета што претставува кривично дело. Ние тоа нема да го толерираме. Сакам да покажам личен пример дека сите такви прекршители ќе бидат санкционирани, рече Богдановиќ. Бараките во Општина Центар, на многу генерации , од 1968 до пред четири години ќе им останат во сеќавање како место каде го склучиле граѓанскиот брак. Од пред четири години граѓанските бракови се склучуваат во Музејот на Македонската борба за државност и самостојност, а на местото на старите бараки ќе има младински центар.

-Откако матичното се префрли, оваа локација остана празна, односно беше користена како магацин. Со одлука на Владата Општина Центар просторот го доби на трајно користење. Минатат година имавме проект со УНДП за зајакнување на општинските капацитети. Граѓаните сами одлучија кои проекти ќе се финансираат од програмата на УНДП и Швајцарската агенција ДСЦ, а на врвот на интересот беше младинскиот центар кој ќе се финансира со 50.000 франци. Еден дел од матичното ќе биде зачуван како култно место, каде што скопјани ќе доаѓаат да се присетуваат на нивната младост, но најголем дел од објектот ќе биде наменет за младински организации и невладини здруженија. Се реконструираат 470 м2, ќе се реновира, целосно ќе се замени кровот, ќе има нова фасада и ново внатрешно уредување. Со реконструкцијата планираме да завршиме околу 20 декември, најави Богдановиќ. Во однос на мораториумот тој рече дека од 31 план, 5 планови и еден блок се веќе донесени.

-До крајот на годината очекувам дека многу нови планови ќе бидат ревидирани и донесени. Ситуацијата со пандемијата ни ги пролонгираше роковите, од причина што не можеше да има јавни анкети и собири со граѓани. Три плана имаме во Министерство за транспорт и врски, пет плана се во Град Скопје, уште пет сега ќе испратиме, очекувам дека до Нова година ќе ги придвижиме работите. Во однос на реконструкцијата на „Орце Николов“ Богдановиќ објасни дека реконструкцијата се одвива бавно, од причина што не станува збор само за гребење на асфалт, туку и целосна реконструкција која ќе опфати и отстранување на бандерите.

-На „Орце Николов“ секоја година некој некој си поставувал кабли, улицата беше се само не нормална улица за движење. Во соработка со кабловските оператори, каблите се спуштаат под земја, значи на улицата нема да има ниту една бандера. По спуштањето под земја на каблите ќе започнеме со целосна реконструкција, која ќе трае подолго, но ќе биде пример како треба да изгледа една улица. До февруари би требало да го имаме првичниот лик на новата улица, рече Богдановиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five + sixteen =