🎥📞 Блажевски од ХОТАМ: Оваа сезона да се преживее, а веќе наредната да работиме профитабилно

You must need to login..!

Опис

Предизвикот е огромен. Неминовно е кога побарувачка е премала а понудата е поголема многу веројатно е дека на некои објекти ќе се стави клуч на врата. Но со самата работа се одржува објектот и вработените добиваат плата. Ова не е сеамо кај нас, вакви случаи има и во Грција, во Хрватска итн. Многу луѓе не ја сфаќаат работата сериозно, и со тоа отежнати се сите гранки, но најмногу туризмот. Во овој период во минатото сме опслужувале многу гости, а оваа година нема да имаме некој кој што би работел позитивно, изјави за Утрински брифинг Крсте Блажевски, ХОТАМ.

-Овие загуби не множат да се покријат бидејќи се работи за цела година. Порано од тие пет месеци се живееше цела година. Имавме и свадби и семинари а се тоа сега е блокирано. Сега имаме да понудиме само плажа и пансион. Странски гости немаме и работиме со многу мал капацитет од понудата што ние ја создадовме овие години. Хотелите не можат да живеат од домашен туризам, вели Блажевски.

Ваучерите не се создадени да не извадат од кризата туку колку толку да ни помогнат. Луѓето веќе почнаа со резервации, но потребнно е време за да се научи принципот на функционирање со ваучерите.

-Вработени во хотелите, рестораните, скоро сите се на своите работни места. Дали понатаму ќе има отпуштања … септември, октомври па се до мај месец, ако нема свадби, семинари ќе биде нормално некој некаде да изгуби работа или некој сопственик да затвори хотел. Ние не велиме дека мора да се пуштат свадбите за да се опстане, туку бројката од заразени да се намали па потоа да ги разгледаме сите варијанти за работа, изјави Блажевски.

Бараме до крајот на годината да се продложи субвенционирањето на платите. Само во тој случај може да ги задржиме сите работни места. Свесни сме дека владата се уште не е оформена, значи тоа би било некаде почетокот на септември да видиме колку би можеле да добиеме од тие мерки. Некои од околните земји имаат намелно и ДДВ. Секако дека тоа би било од голема помош во рестораните и угостителските објекти, вели Блажевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × two =