Благите зими без снег доведоа до зголемување на срнечкиот дивеч

You must need to login..!

Опис

Пандемијата не влијае на активностите на риболовците и ловџиите. Важно е она што моментално се случува на терен и климатските промени, нешто за што јас одамна говорам. Топлото време одговара на дивечот. Нема снег, предаторите не можат така лесно да дојдат до својот плен, изјави во Утрински брифнг, Александар Писарев, новинар и страстен ловџија и риболовец и додава дека ваквото време позитивно ќе се одрази на срната.

Во периоди на длабок снег срната е најзагрозен дивеч и тука постои опасност од волците. Ваквите благи зими без снегови доведоа до зголемување на срнечкиот дивеч, вели Писарев.

Имаме исклучително низок водостој што лошо ќе се одрази на мрестењето на пастрмката, смета Писарев.

Целиот разговор со Александар Писарев погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 5 =