Биљана Тануровска Ќулавковски: На културата и треба стабилност

You must need to login..!

Опис

Најголем проблем е што новиот Закон за јавен интерес во културата не стигна на ред да се изгласа во Собранието, вели за „Утрински брифинг“, Биљана Тануровска Ќулавковски, раководител на „Локомотива“, менаџер во културата и куратор, коментирајќи ја годинашната програма за проекти на Министерството за култура.

„Предложивме неколку точки кои треба да се променат. Прво статусот на слободните уметници, начинот и деловите во кои се дефинира кој се препознава како слободен уметник.

Исто така, ние баравме пошироки бенефиции за оваа категорија и второ: промена во финансиските механизми, односно инструментите за поддршка.

Што се однесува до опсегот на некои организации, кои се веќе долго на независната културна сцена, тие се претворија во своевидни институции. За нив сметам дека е несоодветна еднократната годишна финансиска поддршка која се дава преку овој конкурс.

Значи некои работи се придвижија напред, но ете за жал, повторно не знаеме како понатаму ќе се одвиваат работите“, вели Тануровска – Ќулавковски.

За европските искуства таа вели дека за да се развива, на културата ѝ е потребна стабилност. „Стабилност во однос на поддршка на живата култура, на она што сега се раѓа.

Пример од регионот е формирањето фондови. Во Хрватска е фондацијата „Култура Нова“. Во Холандија, државата формира пордукциски куќи. Потоа формирање институти што е предвидено со стратегијата за развој на културата и други.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 3 =