🎥📞 Биљали: Ни во Африка не бараат премиер да биде од некоја етничка заедница – барањето на ДУИ не се „продава“ повеќе

You must need to login..!

Опис

Барањето на ДУИ да се оди со предлог за премиер етнички Албанец и тоа да се постави како некаков услов на албанските политички фактори во Македонија е тема која не треба да се третира до крај.

Тоа е крајно несериозно и комплетно ниско. Надвор од секаква логика е и дури и за тие за кои тоа е наменето, со пократко познавање на состојбите. Дури и кај нив таа „стока“ не се продава повеќе. Луѓето размислуваат поинаку, сакаат подобар живот, нивните деца тука да останат, а не приказни премиерот дали ќе биде Македонец или Албанец.

Ни во Африка ни во Азија не постои политичка партија каде главна ориентација и е тоа. Што е суштината во тоа, изјави за Утрински брифинг, политичкиот аналитичар и професор Мерсел Биљали, говорејќи за последниот предлог на ДУИ за идниот премиер да биде Албанец.

-Да беше пуштена оваа работа пред 6-7 години може ќе имаше некој ефект. Сега сум сигурен не само што ќе нема ефект, туку напротив контраефект. Луѓето се свесни дека ова е лага и дека нема ништо од тоа. Многу луѓе го гледаат и како потценување на интелегенцијата. Сите знаат дека дека премиерот го прави мнозинството. И за да имате стабилна влада тоа го прави најголемата партија. Можен е и поинаков договор, но тоа е прашање на договор, а не наоднапред подготвена платформа. Сметам дека ова е подготвуање на терен за ДУИ да се оправда дека дефинитвно ќе биде опозиција, вели Биљали.

-На изборите можни се изненадувања. Посебно кај албанскиот блок, најголемите песимисти во однос на сегашната албанска опозиција и оптимисти за ДУИ ќе се изненадат. Мислам дека ќе има големи промени, но да почекаме, вели Биљали и додава дека последните бројки околу заболените од КОВИД-19 ги има заплашено луѓето и не им е важно кој датум точно ќе биде.
-Мислам дека сите политички партии да се вратат малку на кампањата ’98 каде Тупурковски излезе со програма како ќе се инвестира во иднина. СО дискредитации кои често немаат епилог луѓето не се испровоцирани. Сметам дека партиите ќе осетат дека се потребни конкретни понуди оти тешко дека ќе излезат на изборите, изјави професорот и политички аналитичар Мерсел Биљали.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × five =