Биљали: Некој во ЕУ и намигнува на Бугарија да ја држи рампата спуштена, но реформите дома мора да се прават, да се работи на развивање на регионалниот пазар и на ЕЕЗ

You must need to login..!

Опис

-Мислам дека проблемот е комплициран и ова што се манифестира сега е резултат на таа комплицираност. Мора д асе сложиме околу констатацијата дека ЕУ не етаа што беше пред дваесет години кога владееше оптизмитот за проширување. 2003 начелно беше констатирано дека на земјите од Западен Балкан, местото им е во ЕУ. Потоа 2004 имавме големо прошираување итн.. Но реално веќе не етака. Многу проблеми се имаат случено во рамките на тпоа што е функционалност на ЕУ. Ковидот е шлаг на тие проблеми, иамвме Брегзит, бегалска криза. Јавноста посебно во западниот дел од ЕУ е изгледа заситена, алергична на зборот проширување. Нешто како здодевна песна која не не е омилена да се слушне, изјави во Утрински брифинг Универзитетскиот професор и аналитичар Мерсел Биљали и додава дека тоа што се случува со Бугарија е резултат на тоа.

-Не верувам дека бугарската страна во така тенка област како што се идентитетските прашања има сила самостојно да стави вето. Без оглед тоа што високите претставници на ЕУ не тапкаат по рамо, реално некој намигнува дека требад а се држи рампата спуштена. Значи не епроблем само со Република Северна Македонија. Црна Гора 11 години преговара а помалку од 40% од работите се завршени. Романија и Бугарија пак преговараа 5 или 6 години, вели Биљали.

-Мислам дека една од поголемите сили на ЕУ иако декларативно се изјаснува за пддржување и на Македонија и на Албанија го прави тоа. Но реално не треба да фатализираме ние одвакви состојби. Едноставно не треба да ги воздигнеме очекувања на нереално ниво. Мора да имаме сериозни анализи што се случува во ЕУ, за да може политиките да ги водиме во таа насока. Мислам дека, ако добро се изанализира, ЕУ не е подготвена во наредните 10 години ниедна држава да прима во своите редови, додава Биљали и се прашува зошто ние по секоја цена мора да имаме некои Да, па дури и да ги започневме преговорите.

-Ние формално правно имаме многу исполнето, но реално ќе ви кажат да, правите добри закони, но во фактичката состојба стоите не толку добро. Мерит системот ни е само декларативен, реално не функционира, само врските функционираат. И во судството е исто и тоа странците го гледаат. Не можеме да се пофалиме дека ние се исполнивме и дека ЕУ е за се виновна, вели Биљали.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × 5 =