Битољану: Стрип културата кај нас има потенцијал но треба да се поддржи

You must need to login..!

Опис

Издавачот „Бункер“, во рамките на едицијата „Апслоутни почетници“, ги издаде петтиот и шестиот графички романи „Вавилон Берлин“ од Арне Јиш и „Пјонгјанг – Патување низ Северна Кореја“, од канадскиот автор и цртач Ги Делил. Според „Вавилон Берлин“е снимена истоимената телевизиска хит серија – најскапа од неанглиско говорно подрачје. Приказната во стрипот се случува во Берлин во 1929 година, време на политички превирања, улични борби, илегални ноќни клубови… Кога младиот и амбициозен инспектор Рат, на своја рака, започнува истрага на убиство, наидува на отпор од сите страни. Тој ќе биде вовлечен во мрежа на измама, корупција и потрага по руско злато.

Графички роман „Пјонгјанг – Патување низ Северна Кореја“ е патепис во кој авторот открива многу повеќе за културата и животот на земјата каде владее единствената светска комунистичка династија, одошто неговите домаќини посакуваа. Неговите духовити и зајадливи забелешки за животот под строгиот режим се темелот на овој стрип.

Двете книги се преведени на македонски јазик и нивнито објавување било поддржано од Министерството за култура, а „Вавилон Берлин“ и од Град Скопје.

Како што вели издавачот Владимир Битољану за Утрински брифинг на последниот конкурс на Град Скопје за проекти од култура, нивниот проект бил одбиен.

„Конкуриравме на конкурсот на Град Скопје, изминатите години имавме делумен успек, а на овој последниот не добивме ништо и тоа не е проблем. Но она што мене ми боде очи и мислам дека е чекор назад е тоа што самиот процес беше доста нетранспарентен. Прво да април чекавме да се објават резултатите, тоа е една четвртина измината од тековната година а луѓето мора да ги планираат проектите што ги работат. И второ, добивме некој мејл пред да се објават резулатите, со некоја бирократска формулација во кој што не беше укажано ни што сме згрешиле, ниту дали има простор нешто да поправиме во иднина, на крајот на краиштата дали е во интерес на Градот Скопје да поддржува вакви проекти, бидејќи културата е широк поим, а парите се можеби недоволнни, меѓутоа тешко е кога ќе налетате на таков бирократски ѕид и не знаете каде сте згрешиле а сте потроѓиле многу труд и време“, вели Битољану.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

fifteen − five =