Битољану: Потребна е поддршка за развој на стрип културата кај нас

You must need to login..!

Опис

Идејата да се формира стрип книжарницата „Бункер“ е по углед на другите светски метрополи да биде центар на урбаната култура. Издавачката дејност ја започнале во 2017 година, нивно последно издание е графичкиот роман „Во Италија сите се мажи“, а го подготвуваат графичкиот роман „Уметноста на летањето“, кој се смета за пресвртница во шпанската стрип култура.

-Стрипот си го пробива патот до читателите и во светот е во подем овој медиум затоа што претставува мост помеѓу литературата и визуелните уметности. И ако ги погледнете, на пример, листите на „Њујорк тајмс“ ќе видите дека помеѓу десетте најчитани книги во секое време има барем три или четири графички романи- вели Владимир Битољану, издавач и споственик на „Бункер“ во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

17 − 11 =