Битола ќе гледа филм, ќе дише филм, ќе раскажува филм, ќе живее филм, ќе пее филм – разговор со Влатко Галевски

You must need to login..!

Опис

Започна 42.издание на ИФФК „Браќа Манаки“ со традиционалното доделување на наградите „Златна камера 300 за животно дело“, „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ и проекцијата на филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума.

„Битола овие денови ќе гледа филм, ќе дише филм, ќе раскажува филм, ќе живее филм, ќе пее филм“, најавија од фестивалот, чие мото годинава гласи „И покрај сè“.

-Дина Дума се покажува како сериозна личност која може и треба да остане да работи на филм. Дебитантски филм е сериозна работа и ризична за секој млад уметник. Дума се справила одлично со темата, одлично со актерите и мислам дека сосема заслужена е таа награда во Карлови Вари. Се работи за една многу сериозен пристап кон психолошка драма, што за еден дебитант е предизвик, изјави за Утрински брифинг Владо Галевски, филмски критичар и рецензент.

-Инаку атмосферата е инзвонредно добра. Прво заради тоа што овој скратен формат е вистинскиот формат. Не треба да се вклучуваат програми кои се надвор од концептот на фестивалот. Порано имаше шаронеликост која се покажа дека не функционира. Годинава имаме 10 филми во главна компетиција, и 10 кратки филмови, има работилници, инзвонредно и комотно.

Целиот разговор со Влатко Галевски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 + seventeen =