Битиќи: Проекциите се дека до 2026-та минималната плата ќе порасне на 22.000 денари

You must need to login..!

Опис

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи го поздрави вчера постигнатиот договор со Синдикатите и работодавачите за минималната плата.

-Вчерашните успех на сите социјални партнери е за поздравување и се случи мислам за првпат. Ставовите и аргументите беа навидум различни но имавме еден став дека минималната плата треба да се зголеми и да дојдеме до заедничко решение. Единствен пат за успех е дијалогот.

-Стигнавме до една бројка на минимална плата од 18.000 и најважно е што дефиниравме методологија. Креиравме механизам со кој минималната плата ќе ја ставиме ад акта еднаш засекогаш. Како влада треба да креираме механизми со кои нашите сограѓани ќе се извлечат од прагот на сиромаштија. Во земјава 13,8 проценти од граѓаните кои живеат со минимална плата. Да ги извлечеме од сиромаштијата. Во 2016 година уделот на минималната плата беше 38 посто од просечна плата, а сега со поставување на уделот од 57 посто сме сигурни дека никогаш нема да паднат под прагот од 57 посто, рече вицепремиерот Битиќи.

-Со новата методологија проекциите се дека минималната плата до 2026 година постојано ќе расте.

-Имаме проекции дека до 2026 како ќе се движи минималната плата. Сепак се проекции кои се поставуваат на ниво на различни макроекономски фактори. До 2026 минималната плата ќе биде 22.000 денари само со усогласување, без никакво интервенирање, рече Битиќи.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

nineteen − ten =