Битиќи: Наскоро ќе добиеме Заев „Три“ Влада – сметам дека треба да има промени во кадрите – секое едно задолжување ако од другата страна има инвестиции кои одат во насока на подобрување на живот на граѓаните не треба да се дискутира

You must need to login..!

Опис

Додека Буџетот за следната година е во процедура на донесување, во денешен Утрински брифинг со вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи поразговаравме за насоките на планирањето на државните финансии за следната година

-И покрај тоа што донесовме буџет во време на пандемија која предизвика и економска криза, ние успеавме да ги зголемите капиталните инвестиции. За првпат сега воведуваме тела за спроведување на капиталните инвестиции и нивно мониторирање, вели Битиќи.

Инвестициите треба да поминат низ општините, а со оглед на резултатите од локалните избори во кои опозицијата доби поголем дел од нив за очекување е дека ќе има несогласности.

-Јас сум поборник на системско и структурно финансирање. Нема држава и влада ако нема систем за владеење. Само така може да се надминат дневно политичките агенди. Централната единица за инфраструктурни проекти што ја воведуваме е гарант дека инвестициите ќе се спроведат. Немавме доволен кадар за планирање, а ако немате добро планирање спроведувањето на капиталните инвестиции нема да биде повеќе од 60 отсто, анализира Битиќи.

Опозицијата најави дека ќе гласа за Буџетот, но поднесе 200 амандмани.

-Не сум ги видел сите амандмани. Но, клучна разлика меѓу нас и другите е што ние слушаме. Минатиот пат прифативме амндмани од опозицијата, исто како и за ребалансот, оти тоа беа предлози добри за нашиот народ. Буџетот од 4,4 милијарди е развоен буџет што содржи елементи за справување со економската криза и пандемијата, вели Битиќи.

Има големо задолжување, но за капитални инвестиции. Опозицијата вели дека сме презадолжена земја.

-За жал почнавме сите да зборуваме за сѐ и народот стана експерт за сѐ. Јас сум прагматичен, ако секое задолжување води кон инвестиции за подобрување на животот на граѓаните не треба да се дебитара. Ама задолжување на неконструктивно трошење, тоа не треба да се дозволи. За жал, животниот стандард поскапува, оти движењата се такви, а подобрувањето оди побавно одошто сакаме, коментира Битиќи.

Енергетската криза е увезена, но има влијание и производството во Македонија каде што се потфрла во државното производство на енергија.

-Јас сум целосно незадоволен од тоа. Но, тоа е само последица од лошо менаџирање на енергетскиот сектор во последните 20 години. За жал нашите деца ќе ја плаќаат цената. Не може енергетскиот сектор да се подобри за две години. За еден капацитет се потребни најмалку две-три години. Мислам дека сме на вистински пат, оти очигледна е нашата стратегија на инвестирање во обновливи извори на енергија. Но таа цена е поскапа од енергија што доаѓа од лигнит која беше поштетна за здравјето на граѓаните. Знаеме што ќе правиме со ТЕЦ, ќе почнеме да се откажуваме од јагленот, кој веќе го нема или е со послаб квалитет. Има дискусии околу одлуката на оваа влада за првпат да инвестираме во проект надвор од државата, станува збор за проектот Александрополис, но за три години ќе се покаже дека сме биле во право, заклучува Битиќи.

На прашањето дали зимава ќе имаме економска дестабилизација или граѓаните можат спокојно да ги минат новогодишните празници, Битиќи вели дека очекува оти без разлика на сѐ, со одлуката од минатата недела за помош за електрична енергија, ќе можеме да се опуштиме и да уживаме во новогодишните празници.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen + 19 =