Бислимоски: Струјата е скапа и мора да се штеди, кој не штеди ќе плаќа повеќе

You must need to login..!

Опис

Колку ќе поскапи струјата, дали воопшшто ќе имаме струја, што ќе правиме со гасот и зошто оди бавно инсталирањето на фотоволтаици се дел од прашањата за кои во Утрински брифинг разговаравме со Марко Бислимоски, директор на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

-Во овој момент нема поднесено барање за поскапување на струјата. Операторите барањата треба да ги достават до крајот на месецот, па потоа Регулаторната комисија ќе заседава. На пазарот цената на струјата се движи од 220 до 230 евра за киловат час, а исто висока цена имаме и за цела 2023 година. Заштита од високи цени на струјата е зголемување на домашното производство. Тоа го видовме на почетокот од енергетската криза – Босна и Бугарија вишокот на струја го продадоа по многу високи цени и добро заработија, вели Бислимоски.

Во делот на природниот гас, Бислимоски вели дека исто така нема добри вести особено што од утрово се затвора гасоводот што минува низ Украина.

-Со податоците шшто ги добиваме од ЕСМ обезбедени се резерви од јаглен од домано производство за РЕК. Но нашиот јаглен е помалку квалитетен па се увезува и се меша. Добро е што имаме добра хидролошка година, но сега треба да се почне да се штеди. Имаме појави во некои општини на недомаќинско трошење. ЕСМ и ЕВН имаат договор за 10 отсто варијации во испораката на струја, но ЕВН во зимските месеци мораше да увезе повеќе струја од слободниот пазар. Трендот продоли и во април, за некои компании да добијат регулирана цена, но тоа беше злоупотребено и непотребно се потрошени 30 милиони евра, вели Бислимоски и додава дека ниската цена што ја обезбедува ЕВН е пред сѐ за домаќинствата, а некоректниот однос на крајот ќе го платиме сите.

За трендот во некои општини да исклучуваат улично осветлување, коментар даде и директорот на РКЕ.

-Треба да сфатиме дека мора да се штеди бидејќи сме енергетско увозна земја. Сферата на улично осветлување е во доменот на општините и тие ги донесуваат одлуките. Цените на струјата се во драматичен раст. Затоа ќе воведеме блокови за домаќинствата за да се ограничи потрошувачката на струја, односно да се троши рационално. Ќе има два или три блока за скапата тарифа, а евтината тарифа нема да има блокови иќе биде неограничена по иста цена. За скапата тарифа и поделбата на блокови собираме податоци за да определиме една точна категоризација на блоковите. Има потрошувачи кои живеат во згради и се греат на струја и поентата е тие да не бидат казнети ти немаат услови за друг вид греење. Но, имаме домаќинства, обично богати домаќинства, кои имаат енормна потрошувачка на струја, вели Бислимоски.

Тој додава дека „казнети“ ќе бидат оние кои имаат енормна потрошувачка на струја, но не и оние домаќинства кои се греат на струја. Потрошувачката во зимските месеци е за 70 отсто поголема од потрошувачката летно време.

-Некои земји имаат можности да складираат природен гас, но ние немаме такви капацитети, но ни услови со оглед дека сме трусно подрачје. Ние имаме 100 отсто зависност од Газпром. Гасот како гориво сѐ повеќе се троши во државата, а последниве две години се рекордни по потрошувачка на гас. Ние немаме интерконективна врска со Србија и Грција, па само со со Бугарија можеме да правиме договори Во тек е договор за интерконекција со Грција за гас од Азербејџан, вели Бислимоски.

За можноста ТЕ-ТО да не може да се вклучи како помош за пребродување на идната грејна сезона како што се вклучи годинава, Бислимоски вели дека ситуацијата со снабдување со природен гас е многу сериозна и секогаш може да се случи нешто непредвидено, а нашите трговци имаат договори докрајот на годината со можност за продолжување.

-Имаше периоди во годината кога цените на нафтата не беа екстремно високи и се исплатеше набавка на мазут за вклучување на ТЕЦ Неготино. За жал, и цените на мазутот отидоа нагоре, но битно е да се обезбеди струја. ТЕЦ Неготино ја исполни оваа улога. Со оваа цена на мазутот цената на топлинската енергија е нешто помала одошто од гас, но треба да се има предвид и еколошкиот екефт. Мазут е тешко да се најде на пазарот и мислам дека треба да се размислува за дизелот како алтернативно гориво. Тоа нема да се одрази на снабдувањето на дизел за возилата, вели Бислимоски.

Бислимоски вели дека резерви има, а кога се крена паника се покажа многу бргу дека е неоснована. Тој додава дека е факт оти имаме исклучително тешка ситуација, но факт е дека институциите ги преземаат сите мерки.

-Нафтените деривати ни се со зголемени цени затоа што е пораснат курсот на доларот и тоа не е поврзано со берзанските цени на брент нафтата, појаснува Бислимоски за Утрински брифинг.

Во поставувањето на сончеви колектори и фотоволтаици постои голем и долготраен административен процес. Бислимоски вели дека се настојува да се донесат уредби за олеснување на овој процес. Досега, за шест месеци, се издадени дозволи за 30 мегавати струја од фотоволтаици за компании кои на своите покриви поставуваат фотоволтаици со цел да си ги намалат трошоците за струја. Според податоците што ги имаме, тие сега трошат за струја исто колку лани.

-Апелирам сите кои имаат можност да постават фотоволтаици, а тоа ги вклучува и домаќинствата, вели Бислимоски.

Домаќинставата досега можеа да поставуваат фотоволтаици за производство на 4 киловати, а отсега и 6 киловати електрична енергија, а ЕВН Хоум ќе ја презема оти и ним повеќе им се исплатува да ја преземат дома произведената струја отколку да купуваат од слободниот пазар. Домашните ресурси секогаш се одобра опција, вели Бислимоски.

-Тие што екстремно трошат електрична енергија за копање биткоини, ќе плаќаат екстремно висока цена. Но, ќе треба да бидат регистрирани сите оние кои го прават тоа и да плаќаат даноци. Факт е дека сега трошат евтина цена за домаќинствата, но со новиот тарифник кој треба да се донесе некаде во јуни рабтите ќе се сменат. Ќе има јавна расправа во која ќе учествуваат сите заинтересирани страни, вели Марко Бислимоски, директор на РКЕ.

Во врска со потроувачката на вода, Бислимоски вели дека имаме загуба од 70 отсто на водата и тоа е исклучитено лошо. Според него, јавните претпријатија во општините треба да внимаваат на загубената вода поради дефекти на водоводната мрежа, оти не станува збор за украдена вода. Загубите на електрична енергија се 14 отсто, но РКЕ признава 12,5 отсто додека остатокот е на трошок на компаниите.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

5 − 2 =