Бислимовски: Втората половина на јуни ќе се знае конечната цена на електричната енергија

You must need to login..!

Опис

Ние кон крајот на минатата недела го добивме барањето од МЕПСО и воочивме одредени математички пропусти на начинот како е побарана нивната цена, така што до крајот на неделата ќе го проверуиме ова уште еднаш и ќе кажеме колку тоќно МЕПСО бара зголемување и кои се главните причини заради побараното гфолемување. МЕПСО бара зголемување на оперативните трошоци и на инвестициите кои планира да ги направи во наредниот период. 2020 МЕПСО заврши со шест милиони евра загуба, изјави во Утрински брифинг претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски.

Но она што сакам да го кажам е дека во последните две години на МЕПСО значително му се намалауваат приходите од преккугранични преносни капацитети, односно тоа се пари кои ги добива МЕПСО од страна на трговците на електрична енергија кои што плаќаат за д авнесат електрична енергија во Македонија или да транзитира низ Македонија. И ако во 2018, 2019 година овие приходи изнесуваат околу 21, 22 милиони евра, во 2020 и 2021 тие иснесуваат околу 11, 12 милиони евра. Причината за тоа е пред се пренесонсите систем оператори во регионот, нашите соседни преносни оператори и МЕПСО го зголемија капацитетот кој што го даваат на овие аукции и при организирањето на овие аукции важи правилото – доколку нема загушување, нема ни плаќање. И поради тоа што на ниво на Европа се зголемија обрврските на преносните систем оператори во однос на зголемувањето на својот прекуграничен капацитет и поради тоа нема толкави загушувања и паднаа приходите. Од декември оваа година македонсико – косовоската граница влезе во т.н канцеларија за координирана аукција со седиште во Подгорица и земјите кои членуваат во оваа канцеларија прават една заедничка аукција на ниово на регионот – таму ччленуваат Македонија, Албанија, Црна Гора, БиХ, Грција и бидејќи голем дел од трансакциите се случуваат преку косовската граница, има ппричини за намалувањето на приходите, вели Бислимовски.

Крајната цена на електрична енергија се состои од еден дел кој што е за навка на електрична енергија, пренос и дистрибуција и преостанати делови кои се однесуваат на одредена маржа која што треба д аја оствари уневарзалниот снабдувач ЕВН Хоум. РКЕ влијае на делот на мрежарините, односно на цените на МЕПСО и на Електро-дистрибуција која е компанија во рамите на ЕВН. ТОа значи дека ние влијаеме на околу 38% проценти од крајната цена. Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум во делот на набавката распишува тендер, на овој тендер ЕСМ има обврска да се јави и да понуди во 2021 70% од потребите на потрошувачите на регулираниот пазар. Доколку ЕЛЕМ понуди повисока цена тогаш ЕВН Хоум нема обврска да ја откупи оваа електрична енергија од ЕЛЕМ , туку ја купува од останатите учесници на тендерот, вели Бислимовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 − twelve =