Бислимовски: Во време на криза мора да се покаже солидарност или сите ќе бидеме губитници

You must need to login..!

Опис

Во одредени делови на Скопје има зголемена потрошувачка на електрична енергија, но има и појави на кражба на електрична енергија, а неретко тоа се прави за т.н. копање биткоини, вели за Утрински брифинг Марко Бислимовски од Комисијата за енергетика.

-Луѓето ги менуваат осигурувачите, со што може да се предизвика пожар затоа што се овозможува поголема моќност без да се има услови за тоа. Кражба на електрична енергија е кривично дело. Може да се зголеми потрошувачката, но тоа треба да се пријави во ЕВН и да се променат легално осигурувачите и евентуално кабелот, објаснува Бислимовски.

Владата прогласи електроенергетска криза во период од 30 дена. Комисијата за енергетика има свој претставник во владината комисија, но Комисијата за енергетика за кризата нема надлежност за управување со кризата туку подоцна може да одлучува во рамките на своите надлежности во врска со цената на енергијата.

-Електроенергетската криза е прогласена за ЕСМ и МЕПСО да можат да повлечат средства од Буџетот и да ја поправат својата финансиска состојба. Рестрикции имало и порано. Но сега има слободен пазар на електрична енергија од различни снабдувачи. Снабдувачот мора од добавувачот од странство предвреме да ја плати струјата. Ако има рестрикции, добавувачите нема да можат да ја продадат струјата не по своја вина. Ако ја продадат на друго место, ќе имаме дополнителни проблеми. Мислам дека рестрикциите не се решение, вели Бислимовски.

Бугарија, Романија и Босна и Херцеговина имаат вишоци на електрична енергија и ги продаваат. Кај нас е проблемот што ЕСМ има кусок на домашно производство пред сѐ затоа што нашите термоелектрани се во лоша состојба, а и хидрологијата не ни беше во полза последниве години што е причина за нестабилното производство. Бислимовски вели дека најдобро решение е да се стабилизира домашното произвоство.

Бислимовски за Утрински брифинг вели дека не се очекува намалување на цената на електричната енергија во догледно време.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen + nineteen =