Бионичката рака на македонските млади иноватори е глобален победник на натпреварот „Младинскиот предизвик“

You must need to login..!

Опис

Орхан Багашов од Тетово е дел од македонскиот тим „Ебионикс“ глобален победник на годинашниов светски натпревар наречен „Младински предизвик“, во конкуренција на 180 тимови од 36 земји во категоријата на натпреварувачи под 18 години. Тимот победи со идејата „VenusArm“ односно бионичка рака печатена со 3Д принтер, а наменета за лицата со недостаток на подлактица од раката.

Направивме бионичка рака која е 30 пати поефтина од досегашните најдени. Имаме уникатен проект е затоа што секој може да ја направи и секој може да ја склопи. Јас од мал се занимавам со роботика. Од помала возраст се занимавам и со 3Д принтање. Секој од тимот од самиот почеток се занимава со дел зови кои целиот проект го прават успешен, изјави за Утрински брифинг, Орхан Багашов.

Наградата е за следната фаза. Во таа наредна година овие 10.000 долари треба да ги потрошиме за усовршување на проектот. Во моментов е во бета верзија, значи се уште се тестира. Имаме корисник во Шведска кој ни дава сугестии што би можеле во финалната верзија да направиме, вели Багашов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × five =