Билатерален договор, интернационален проблем – Заев и Борисов не смеат да бидат заложници на историчарите – разговор со амбасадорот д-р Ѓорѓи Филипов

You must need to login..!

Опис

-Не е точно дека проблемот со Бугарија е биалтерален. Договорот е билатерален, но ако ја земете ЕУ како сојуз на држави со кои што треба да преговараме, сепак тоа е на некој начин интернационален проблем и бидејќи се работи делумно и за историската наука и тука доаѓаме на едно интернационално ниво, изјави во Утрински брифинг, поранешниот амбасадор д-р Ѓорѓи Филипов.

Изјавите на амбасадорите се во насока да им се помогне на носителите на одлуките, премиерите на двете влади, да најдат солуција, со што, како што рече германската амбасадорка, да остават место да се исфрлат елементите и во едната и во другата земја – патриотизмот да не преоѓа во национализам или уште полошо шовинизам, ниту од едната ниту од другата страна. Ние сепак сме тие што бараме прием во ЕУ, а Бугарите дека се дел од еден сојуз кој што има едно свое колективно мислење кое не е препорачливо да се негира и да се исклучите од тоа мислење.

Значи им се остава на Борисов и Заев кои елементи ќе се исклучат, каде да се попушти или да најдат нови инструменти. Билатерален проблем беше и меѓу Словенија и Хрватска – таму вмешаа еден нобврзувачки суд во кој што се согласија дека ќе ја почитуваат неговата одлука, вели Филипов.

Целото интервју погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 + 15 =