Бизнисменот Лазаров во УБ најави прва приватна Брза помош во земјава

You must need to login..!

Опис

Несомнено е дека економијата е во криза. Тоа гогледаме секојдневно. Но јас како млад бизнисмен ова го гледам како шанса да се излезе посилен и да се рестартира нашпата економија во насока во која што се светските трендови – дигитализација, обновливите енергетски извори, инфраструктурата, обезбедување евтин гас. Кризата ќе заврши но ние како бизнисмени треба да извлечеме поука – што понатаму, изјави во Утрински брифинг Кирил Лазаров, претседател на македонско-бугарската комора.

Во момент е при крај проект за првата приватни Брза помош во Македонија. Набавени се 7 возила кои ќе ја покриваат територијата на град Скопје и сето тоа ќе биде дигитализирано, повиците ќе бидат преку мобилни апликации и времето на интервенција на медицинските тимови ќе биде гарантирано. Комплетна услуга која произлегува од потребите на клиентите. Потребите освен panic тастерот кога имаат проблем ќе служи и кога ќе се има здравствен проблем. Идејата тлееше со години но сега мислиме дека е право време. Селектиран е млад, амбициозен и квалитетен кадар. Идејата е уште пред четири, пет години. Ќе имаме 20 тимови од самиот старт. Услугата ќе биде достапна за сите.

Разговорот со Кирил Лазаров погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × 4 =