„Биди безбедна“ – апликација за помош на жените и децата жртви на насилство

You must need to login..!

Опис

За да се изнајде начин кој може да придонесе за безбедноста на жените, жртви на насилство, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) заедно со Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство и 18 граѓански организации што работат во оваа сфера, ја направија апликацијата за телефон „Биди безбедна“.

„Мобилната апликација значи можност жртвите да побараат помош кога се во ситуација на опасност и место каде што можат да ги најдат информациите за сите услуги коишто им се нудат на жртви на родово базирано насилство и семејно насилство. Таа е наменета за сите нас, може да се преземете на вашите телефони и да најдете корисни информации за тоа што е насилство, какви видови на насилство има, но што е најважно како да се побара помош преку СОС линијата за помош на жртви која ја уредува Националниот совет за родова рамноправност. Истовремено сакаме да ја подигнеме свеста за важноста да реагираме кога ќе бидеме сведоци на насилство, да пријавуваме насилство и да ги поддржиме жртвите. Преку мобилната апликација би сакале на еден посовремен начин да ги пласираме овие информации.

Преку апликацијата може директно да се поврзете со организациите кои даваат психо-социјална поддршка, организациите кои пружаат бесплатна правна помош, шелтер центрите и можеби не директно жртвата, туку некој што ја познава може да и’ посочи како да добие помош и поддршка“, вели за Утрински брифинг Жаклина Гештаковска .Алексовска, специјалистка за родови прашања во УНДП.

Таа додаде дека податоците се загрижувачки бидејжи во Македонија 45 отсто од жените некогаш биле жртви на некој вид насилство, а само 2 отсто тоа го пријавуваат и дека оваа апликација може да придонесе тоа да се промени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 − three =