Бејтули-Кица: Легендите го одржаа овој простор од духовен аспект

You must need to login..!

Опис

Изложбата со наслов „Пеплосување и благородност“ на Невзат Бејтули-Кица е поставена во Националната галерија – објект Мала станица.

На изложбата се претставени слики, цртежи, графички мапи и еден видео проект.

Ова е последен дел од фазата на циклусот „Човек и коњ“. Повеќето слики се посветени на легенди се дел од духовната приказна на Балканот. Балканот е испреплетен со разни култури и место каде преку различноста луѓето се препознаваат. Јас тргнав преку легенди бидејќи наидов на текстови за легенди кои се од иста духовна креација. Сите народи ги присвојуваат и ги сметаат за свои. Легендите го одржаа овој простор од духовен аспект, изјави во Утрински брифинг Бејтули-Кица.

Изложбата ќе трае до 22 декември.

Публиката ќе може да ја посети секој ден, освен понеделник, од 10 до 18 часот.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 − thirteen =