„Бејби бум“ во Зоолошката градина во Скопје

You must need to login..!

Опис

Зоолошката градина во Скопје периодов интензивно се подновува во секоја смисла на зборот. Зоопаркот се прилагодува за нови содржини, но и на зголемувањето на жителите, особено ако предвид се земе фактот дека пролетва Зоолошката градина доживува вистински бејби бум.

Откако беше објавено дека се родија три лавчиња речиси и да немаше ден потоа да не стигне информација дека повторно имаат принова.

Младенчињата ќе бидат вистинско освежување и подмладување на популацијата но и предизвик за љубопитните погледи на најредовните посетители, дечињата.

За пролетната офанзива во Зоолошката градина во Скопје во Утрински брифинг разговаравме со директорот Кристијан Стаменов.

-Значително се зголеми бројот на младенчињата во Зоолошка. Започна со раѓањето на трите лавчиња, па мала лама, бебиња кенгури, лемури, берберска овца, камилче итн.

-Сега за сега супер напредуваат, лавчињата и камилите се со мајките одвоени во посебно живеалиште.

-Пред сѐ самото раѓање на новите единки значи за работата на Зоолошката градина.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

eighteen + nineteen =