Бешлиовска: Веднаш да се вработат сестрите изложени на ризик по животот, кои работат со договор на дело

You must need to login..!

Опис

Претседателката на унија на медицински сестри, Горданка Бешлиовска денеска во Утрински брифинг зборуваше за проблемите со кои се соочуваат медицинските сестри за време на пандемијата.

-Посебно не погоди наградата „13 Ноември“ која што не ја добивме. Ова секако не е време да се наградуваме, но се чувствуваме деградирани што ниту една медицинска сестра ниту инструментарка која беше вклучена во првата трансплантација на срце, не беше вклучена во наградата. Од друга страна оваа награда ја добија докторите хирурзи, без кои не би било можно да се доживее медицински успех, но изоставањето на мединските сестри од оваа награда не прави да се чувствуваме неважни, што е особено тешко да го прифатиме, посебно ако земеме предвид дека работиме во исклучително тешки услови. Ние ја истакнавме листата со имиња на медицинските сестри кои без вклучени во трансплантацијата, но до денеска се уште немаме повратна информација дали се вклучени во наградата, рече Бешлиовска.

Таа потенцираше дека е важно да се регулира статусот на медицинските сестри кои работат со договор на дело, непријавени и без здравствено и пензиско осигурување.

-Проблемот со договорите на дело се провлекуваат со децении наназад. Меѓутоа сега живееме во време на пандемија кога ризиците по здравјето и животот на медицинските сестри се огромни. Тие според Републичкиот просек земаат надомест од 14.500 денари, а работат во Ковид центрите. Мислам дека е нечесно да останат со истиот статус. Имаме информација дека и понатамошните ангажмани на медицински сестри повторно се за договор на дело, тоа е сосема погрешно.Мора веднаш да се објават конкурси во кои медицински сестри веднаш ќе се вработат во редовен работен однос. И, тоа на конкурсите не смее повеќе да се повторува праксата од порано во која се вработуваа медицински сестри од надвор, а тие кои што и по неколку години работеле со договор на дело, повторно остануваат невработени.

Ние деновиве сме и во кнтакт со националниот координатор за преструктуирање на медицински сестри и истото ова го побаравме и од него, рече Бешлиовска. Таа предупреди дека ако не се регулира статусот на медицинските сестри ќе нема кој да работи, бидејќи незадоволните сестри ја напуштаат струката.

-Медицинските сестри се револтирани и веќе не се ни пријавуваат на конкурсите, затоа што не сакаат да работат за толку низок надоместок. Од друга страна, пандемијата ги премори. Отворањето на нови одделенија и динамиката со која се работи дополнително ги отежна работите во здравствените институции, со оглед на тоа дека бројот на сестрите е мала и се соочуваме со дефицит во струката. И пред пандемијата баравме зголемување на бројот на сестри за педесет проценти, а можете ли сега да замислите каква е состојбата, кога голем број се заразени, некои се во изолација.

Немаме повеќе капацитети да се надополнуваме на новоотворените „фронтови“, вели Бешлиовска. Според неа донесувањето на Законот за регулирање на медицинските сестри би ги решил основните проблеми со кои се соочува професијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × one =