Бесплатен онлајн курс по проектен менаџмент за студенти од „БЕСТ – Скопје“, разговор со Миа Бошева

You must need to login..!

Опис

Невладината студентска организација „БЕСТ – Скопје“, за прв пат го организира онлајн настанот„ Денови на проектен менаџмент“, кој ќе се одржи од 5 јули до 9 јули, годинава.

Бесплатниот курс е наменет за студентите и нивно понатамошно кариерно надградување, а курсот преку стручни предавања и сесии за меки вештини, ќе ги запознае студентите со основите на проектниот менаџмент.

Првото издание на курсот ќе се одржи целосно онлајн, преку платформата „Зум“. Апликациите се отворени за секој студент кој е заинтересиран за проектниот менаџмент и сака за првпат да се запознае со програмата.

-Ваквите настани најчесто не се бесплатни, така што професорите не беа многу „прифатливи“ кога стана збор дека нема да бидат парично надокнадени, но сепак најдовме неколку професори кои беа ипотворени кон тоа да држат предавања, изјави во Утрински брифинг Миа Бошева од БЕСТ.

-Целта ни беше да се фокусираме што е можно повеќе на секој студент. Се работи за интензивен курс кој трае пет дена и „Проектен менаџмент“ е огромна област, така што моравме да го намалиме бројот на учесниците, додава Бошева.

-Ова е прв пат како органзиираме „Денови на прокетен менаџмент“ и сега за сега гледаме колкава е заинтересираноста во вакви настани, па доколку има поголема заинтересираност ќе продолжиме и наредните години, вели Бошева.

Целиот разговор со Миа Бошева од Бест погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 + 5 =