Бесник Зеќири: Децата во болница Козле иако се позитивни на Ковид, придружувани се од еден родител

You must need to login..!

Опис

Денеска во болницата за белодробни заболувања кај децата Козле, која е пренаменета во Ковид центар, хоспитализирани се 19 деца позитивни на коронавирус, од кои четири се на кислородна поддршка. Сите се во стабилна состојба, вклучувајќи ги и децата кои се на кислордна поддршка. Ова денеска во Утрински брифинг го изјави директорот на болницата, д-р Бесник Зеќири.

– Најмалото од хоспитализираните деца е едномесечно бебе. Најмногу деца се разболуваат на воздраст од нула до две години, и од 9 до 16 години. Децата кои се на воздраст помеѓу две и девет години изледа имаат подобар имунитет, со оглед на тоа што поретко се разболуваат. 15 од болните деца се на училишна воздраст, може да се каже дека откако почна учебната година има мало зголемување на бројот на заболени деца, но ситуацијата не е алармантна, вели Зеќири.

Иако во ковид центрите посетите се строго забранети, во болницата во Колзе направен е исклучок од ова правило. Таму децата придружувани од еден родител, најчесто од мајката.

– Околу 80 проценти од родителите кои се во придружба на нивните болни деца се исто така позитивни на Ковид, така што нашите лекари истовремено се грижат како за децата, така и за родителите. Во болницата има црвена и зелена зона. Предниот влез е за болни од Ковид, тука има две амбуланти кои ги прегледуваат итните случаи за кои веќе знаеме  дека се позитивни. Од другата страна имаме зелена зона за деца со друга симптоматологија, алергии или останати хронични заболувања. Меѓутоа, хоспитализираме само деца позитивни Ковид, останатите на кои им е потребна хоспитализација ги препраќаме на Детската клиника или во градовите од каде што доаѓаат, објаснува Зеќири.

Во дворот на  детската болница Козле има и монтажен објект, кој никогаш не профункционирал како модуларна болница, туку има функција како триажен центар. Во моментов, како што објаснува Зеќири, во моментов воопшто не го користат овој триажен центар.

Тој апелира сите родители кои имаат деца кои посетуваат училиште, да се вакцинираат без исклучок. 

– Треба да се вакцинираат родителите, но и децата. Веќе се вакцинирани околу 500 деца до 16 годишна воздраст, добро би било да продолжи динамиката на вакцинација како кај возрасните, така и кај децата за да постигнеме колективен имунитет тврди Зеќири.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × three =