Бесими: Буџетот е во добра кондиција и може да одговори на сите предизвици вклучително и енергетската криза

You must need to login..!

Опис

И покрај тоа што не сме сигурни што ќе се случува со Владата ние имаме обврски што треба да за извршуваат, а меѓу нив е и донесувањето на Буџетот, вели министерот за финасии Фатмир Бесими за Утрински брифинг.

Вчера во ДУИ во Мала Речица се одржа состанок на високите претставници на партијата.

-За нас клучна премиса се евроинтеграцијата и во тој контекст се зборуваше на синоќешниот состанок со лидерот на партијата Али Ахмети, вели Бесими.

Буџетот за следната година е веќе поднесен во Собранието и процедурите се започнати.

-Откако ќе заседава комисијата за финансирање и буџет има десет дена расправа за буџетот. Барем е така според Деловникот на Собранието. Но, прашање е како ќе се постават партиите во таа комисија. Роковите секако течат, вели Бесими.

Дали ако падне владата и се формира нова влада, амандмански ќе се менува и буџетот?

-Ако Буџетот ги помине сите фази, која било Влада може да оди со измени на Буџетот или т.н. ребаланс. Но, роковите се тие и мора да се испочитуваат. До крај на годината мора да се донесе Буџетот, вели Бесими.

Според лидерот на опозицијата земјата е во колапс по сит основи.

-Буџетот е во добра кондиција и може да одговори на сите предизвици вклучително и енергетската криза и мерките за ковид. Имаме одвоено повеќе пари за секој случај. Сега е важно Собранието да го донесе тој закон да можеме да повлечеме средства од 161 милион евра од ММФ кои можеме да ги користиме и како буџетски резерви, вели Бесими.

Ако не се усвои нов буџет што се прави?

-Важно е да се донесе Буџетот и покрај политичките превирања оти странците сеедно кој е на власт нѐ гледаат како една држава. Имаме проекти во Светска банка за локални проекти, Коридор 8, железницата… сето тоа се развојни проекти во новиот буџет, вели Бесими и додава ако не се донесе буџет по сила на закон првите три месеци финансирањето е како минатата година.

Новите прогнози предвидуваат далеку поголема стапка на раст од околу 4,6 отсто, а ниска инфлација која не би требало да надмине 2,4 отсто.

-Ние одиме со истите прогнози како лани. Во овој период на кризи имавме успешни бројки и резултати. Затоа е важна политичката стабилност на земјата за да може да се исполнуваат прогнозите, вели Бесими.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 + fourteen =