🎥 📞Белчева-Андреевска: Несогласувањата во Центар ја прелеаја чашата – вчера имаше упад во декоратското донесување на одлуки

You must need to login..!

Опис

Јана Белчева-Андреевска се повлече од функцијата претседател на Советот на Општина Центар. Причините за одлуката ги објави на својот Фејсбук профил во кој, меѓу другото, напиша дека „не може да се приклучи кон група во која мнозинството не е подготвено за прогрес, кое лесно се приклучува со калкулации за личен бенефит и комфор и не сака да биде дел од тим без желба за транспарентност“.

Она што вчера се случи ја прели чашата. Несогласувањата постојат подолго време. Вчера имаше последен упад во декоратското донесување на одлуки, и каде што мнозински треба да одлучува, со упад се продолжи седницата.

Се нема интерес да се дознае како се спроведуваат одлуките ниту надлежностите на службите во општината, нема интерес да се знае како се реализира буџетот за да се предвидат и предложат приоритетните активности, се нема иницијатива за прогрес, туку напротив, се дозволуваат назадни, ризични, конзервативни и нетранспарентни процеси. Многу пати претходно бев ставена во позиција да потпишувам одлуки за кои сум гласала против, но мнозинството гласало за. Се оградував низ издвоени мислења, некогаш сама некогаш со други колеги“, истакнува Белчева-Андреевска.

Мислам дека на вчерашната седница се донесени незаконски одлуки, додава Андреевска.

Селективното известување за продолжување на седница без дтоа да го направи претседателот на Советот е незаконски, затоа сметам дека и вчерашната седница е под знак прашалник. Истот ака е прашање зошто дел од советниците не се интересираат околу реализацијата на буџетот.

Моите напори најчесто се сосема залудни и не даваат резултат за граѓаните на општина Центар да добијат квалитетни услуги и напредок. Зад мојата номинација застанаа граѓани пред кои се чувствувам одговорна, кои секојдневно апелираат, а на кои немам никаков одговор да им понудам. Платформата „Здравје пред профит“ остана листа на делумно неисполнети ветувања.

Се борев за принципи со кои одлуките ќе се базираат на податоци и анализи, се стремев кон отвореност и транспарентност, кон вклученост на граѓаните во донесувањето одлуки, кон контролирана распределба на приходите и расходите, кон мерливи параметри за следење на резултатите, но тоа не преовлада.

Несогласувања имаше и на други точки, предлагав и низа амандмани за доброто на жителите на Центар, но сфатив дека буџетот ќе се троши на области кои не се приоритетни. Кога се планира буџетот ние ги планираме приходите и расходите. Но расходите за урбанистичко планирање нема ни еден процент од вкупниот буџет, а кога ќе погледнете во ставката приходи токму таа ставка е голема.

Ако програмата за урбано планирање чини помалку од 1% од вкупниот буџет на општината, а се очекува уредувањето на просторот да донесе над 50% приход во буџетот, многу нешта изгледаат нелогично.

Имавме несогласувања и околу „Треска“. Сметам дека целиот процес е загрозен. Упадите на градоначалникот говорат дека тој не разбра за важноста од одлучувањето на граѓаните за доброто на својата општина.Јас неможам да се приклонам кон група во која мнозинството не е спремно за прогрес, не сакам да сум во мнозинство кое лесно се приклонува калкулирајќи со личен бенефит или конфор, не сакам да сум дел од тим без желба за транспарнтност, споделување, но и знаење и информации потребни за да донесат одлуки.

Колку повеќе квалитетни луѓе ќе се вклучат во политиката, толку поквалитетни одлуки ќе иамме. Најпрогресивната општина – Центар за жал ја немаше таа среќа.

Не сакам да верувам дека политиката што ја води локалната власт е политика на СДСМ. Ова што се случува во Центар не е за изедначување со политиките и идеологијата на социјалдемократијата, во која и јас единствено верувам. Не е ниту репрезент на политичка идеологија, додаде Белчева.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three + 14 =