Беловски: Со страв и неизвеност не може да имаме здрави медиуми

You must need to login..!

Опис

Тема што ги засега медиумските работници, сега станува збор за ТВ Алфа од каде шестмина вработени пред Нова година добија отказ, но може да се случи и на секое друго место. За губењето на егзистенција на новинарите во Утрински брифинг разгвараме со Павле Беловски, претседател на Синдикатот на новинари и медиумски работници.

-Работниците се отпуштени под образложение дека се технолошки вишок, но за таква ситуација мора да се разговара со синдикатот кој е многу активен во ТВ Алфа. Имаме таков преседан што возачот што е отпуштен е заменет со човек кој од сиви има само фотографија со политички лидер. При вакви ситуации кога се прават рестрикции треба да се има предвид должината на стажот на вработените, неговата семејна ситуација и низа други фактори. Ова се откази кои ќе паднат на суд, вели Беловски.

Тој додава дека меѓу отпуштените од деловни причини е отпуштен и синдикален претставеник што е противзаконски. А неверојатно е што еден од отпуштените пред два месеца е добитник на награда.

-Очигледно дека работодавецот сака да биде деспот. Разговарано е и со менаџерот, кој исто така треба да однесе плата дома, за исплата на трите заостанати плати, вели Беловски.

За состојбите во струката целиот разговор проследете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

13 + 13 =