Беловски: Не ни е потребна непринципиелност и реприза со платените јавни кампањи во медиумите

You must need to login..!

Опис

Не ми се непознати состојбите. Иамме променета состојба кога на чело на Синдикатот доаѓа човек кој доаѓа од редовите на новинарите и од една помлада генерација. Се чувствувам подготвен, зад мене во Извршниот одбор стои плеада на искусни новинари на кои им е добро познато функционирањето на ССНМ, изјави во Утрински брифинг новинарот Павле Беловски, претседател на Синдикатот на новинари и медиумски работници.

Ние номинално се соочуваме со проблеми на работничките права кои во последниве „100 години“ ни се провлекуваат во сите гранки и дејности, така што не е исклучок и новинарската фела. Но за жал, постојат брзи решенија, но ако го земеме Законот за работни односи дали само неколку членови не тангираат нас новинарите, а сето тоа кога се прави обид да се менува нешто во Законот за работни односи веднаш наоѓаме на силните синдикати кои обединуват голем број на работници. Сепак ние овој пат решивме да одиме преку Колективните договори, подзаконски правни акти и Синдикатот тука ја има единствената улога – не може никој друг освен ССНМ во нашата фела, гранка, да потпишува колективни договори со кои ќе се уредуваат сите подробности, вели Беловски и додава дека Колективниот договор треба да се почитува исто како да е највисок правен акт.

Ние имаме кршење на работничлките права. Имавме едно искуство кој е значаен момент, го потпишавме со МИА првиот колективен договор, една доволна верзија која ги опфаќа сите аспекти на вработените таму. Сега сме во фаза на целосно спроведување на Колективниот догоовр, бидејќи не е доволно само да се потпише, туку треба и да се почитува. МИА е одличен пример, ни треба сега од силните радио-дифузери еден колективен договор за да видат дека можат да бидат општествено одговорни, дека само така ќе дојдеме до поквалитетен амбиент каде што работат новинарите и ќе имаме поквалитетни производи. Ако имаш исцрпен новинар ќе имаш неквалитетен производ. Ако имаш неплатен новинар ќе имаш исто така неквалитетен производ. Нашата цел е да ги убедиме работодавците дека и тие профитираат, вели Беловски.

Ние можеме да се преброиме. Во приватните, националните телевизии работат безмалку 700 вработени. Но каде се останатите наши колеги? Дисперзирани се, го загубивме МПМ, еволуираа нештата, големи медиуми пропаднаа и сега имаме голем број на помали редакции, се уште се обидуваме да ги лоцираме, да ги анимираме, да ги ставиме на едно место, а тоа е Синдикатот, изјави Беловски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × 4 =