Бежовски: Режимот на Груевски е жив – ВМРО-ДПМНЕ работи за центри во Москва

You must need to login..!

Опис

Суровите слуги на режимот на Груевски“ е многу интересна колумна објавена од Александар Бежовски, адвокат, кој имал блиски контакти со врхушката на режимот на Никола Груевски. За приликите во таа партија, блиските луѓе на Груевски и нивните односи, поразговаравме со него во Утрински брифинг.

-Вие 11 години да слушате и да правите такви гадости какви што слушнавме во снимките, не може да сте невини, вели Бежовски. Тој додава дека не станува збор за лоши луѓе како луѓе, но наеднаш почнаа да уживаат во филмот што им го приреди Груевски.

Бежовски вели дека добро го познава и Груевски и коментира дека со признанието за вина во случајот Титаник на некои од врхушката на Груевски го бетонираат неговото враќање.

-Груевизмот не само што е жив во партијата, тој е жив и во општеството. Јас му реков и на амбасадорот Рикер дека она што го прават или не прават придонесува за формирање мафија во оваа држава, вели Бежовски.

Прашањето што бара одговор е од каде им се парите за сите тие имоти и бизниси. Сега почна да се зборува дека Груевски ќе биде ставен на Црната листа на САД.

-Груевски ветуваше стабилност и промена на името, па оттука беше неговата поддршка од Американците. Кога тој го смени наративот и Американците го сфатија тоа во 2011 година, тешко беше да се демонстрира, вели Бежовски.

Тој вели дека луѓето кои сега се во затвор, а учествувале во настаните од 27 април, сега се свесни дека биле изманипулирани од таа врхушка преку мистична, добро спакувана прикаска.

-Денес Македонија е пофункционана демократија, но СДСМ сѐ уште се една затворена структура и треб да се прашаат дали можат да го победат ВМРО-ДПМНЕ на избори, вели Бежовски кој е критичар и на актуелните власти. Тој додава дека СДСМ немаат капацитет да приклучат луѓе кон себе, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

nineteen − 1 =