🎥 Бајрамовска- Мустафа: Сите прекршувања на избирачкото право, да се пријават кај Народиот правобранител

You must need to login..!

Опис

Граѓаните кои ќе забележат прекршување на избирачкото право, на денот на изборите, в среда, на 15 јули, помош можат да побараат од Народниот правобранител. Како да препознаат прекршување на избирачкото право и каква е постапката за пријавување, денеска во Скопски агол зборуваше заменичката на Народниот правобранител, Васка Бајрамовска – Мустафа.

Институцијата Народен правобранител, со години дава свој придонес во заштитата на избирачкото право на граѓаните со тоа што отвора бесплатна телефонска линија, на која граѓаните можат да пријавуваат каква било повреда, која што значи остварување на правото на глас, кое треба да биде тајно, неприкосновено. Тоа значи дека не смее врз никого да се прават притисоци, уцени или попречување од страна на надлежните органи кои треба да ги спроведат изборите. Токму во таа насока, нашите телефонски броеви се отворени уште на 25 јуни, на кои што граѓаните можеа да бараат совети во врска со остварување на правото на глас, од денот на увидот во избирачкиот список, се до можноста за гласање на болните и немоќните, но и заразените од Ковид 19, објаснува Бајрамовска.

Таа додаде дека помош од Народниот правобранител можат да побараат и во подрачните канцеларии низ државата.

Имаме подрачни канцеларии во Битола, Куманово, Струмица, Штип, Кичево и Тетово. Со тоа, на граѓаните им е многу поблиску и поекономично, доколку имаат повреда на правото, да побараат помош од нашите локални канцеларии, и ние согласно надлежностите веднаш ќе постапиме. Тоа значи, доколку на некое лице му е оневозможено да гласа, веднаш телефонски контактираме со ДИК, или општинските изборни комисии, за да му се даде правото на глас. Доколку пак, се работи за повреда на прописите, сите забелешки се сублимираат во еден посебен извештај, за кој се информира јавноста, а потоа се доставува до бадлежните органи, а на крајот на годината се доставува и до Собранието, на разгледување пред пратениците, додаде Бајрамовска – Мустафа.

Таа информира дека постерот на институцијата, Народен правобранител, со сите потребни информации, ќе го има изложено на секое избирачко место. – Бесплатната телефонска линија на која можат граѓаните да се јават е 0800 54321, и сите кои сметаат дека им е потребна помош од Институцијата можат без двоумење да се јават, истакна заменичката на Народниот правобранител.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two + fourteen =