Андоновиќ: Бајден симболично на 11 септември ќе ги повлече сите војници од Авганистан и ќе стави крај на најдолгата американска војна

You must need to login..!

Опис

Американскиот претседател eо Бајден најави дека сите американски воени сили ќе бидат повлечени од Авганистан до 11 септември годинава, кога се одбележува 20-годишнината од терористичкиот напад на Вашингтон и Њујорк. Војната започна на 7 октомври 2001 година, како одговор на терористичките напади на 11 септември 2001 година врз Њујорк и Вашингтон, во кои загинаа околу 3.000 луѓе Како воен одговор на овие напади САД и сојузниците испратија над 100 илјади американски трупи во Авганистан каде задно со своите сојузници 21 година се бореа против Талибанскиот режим и исламистичките организации преводени од АЛ каеда. Во 21 годишнитѕе судири, САД успеаа да го урнат реќимот на Талибанците предводен од Мула Мухаме Омар и да ги неутрализираат ќелиите на АЛ каеда , како и да го ликивидраат главниот виновник за нападите Осама бин Ладен. Во војната загинаа над 39 илјади цивили и над 3000 американски војници. Дваесет и една годфина подоцна во АВганистан се наоѓаат околу 2700 американци и 700 британски спецјални воени формации за кои е најавено повлекувањето. Останува да се види која е геостратешката цел за ваквотовоено повлекување. Според инфомациите дел од овие трупи треб да бидат распоредеи воамериканските бази во Германија каде во моментов се наоѓаат 35 илјади американски војници.

Од Вашингтон ифнформираат дека целта е да се зголеми безбедноста на Европа. сепак се отвара можноста за шпекулации кои укажуваат дека прераспоредувањето на војската на САД во Европа е порзана со најновите тензии на Русија со САД и Нато каде изџминативе недели буквално се очекува избивање на воен конфликт Исто така потегот на Вашингтон за повлекување на своето воено присуство од Авганистан, ја доведува во рпашње и иднината на оваа сиромашна и нестабилна држава.Тамошните племиња пред се Талибанците денеска најавија дека нема да преговараат со меѓународната заедница и САД за иднината на земјата се додека не се повлече и последниот американски војник од нивната земја. Овој став го враќа повтрно Авганистан на позициите од пред 21 година кога на власт беа Талибанците кои со земјата владееа во духот на муслиманските шериатски закони , поставени од пред неколку векови. Иднината на оваа држава по повлекувањето на САД и НАТО може повторно да предизвика меѓу- племенски судири за освојување на власта. Во Авганистан живеат бројни народи и племиња . Најголемите од нив се Таџициците ,Узбеците Талибанци и Паштуните.

Сите овие народи се спротиставени што во минатото предизвикуваше вооружени судири меѓу нив. Но, и покрај се Аганистан го зачува својот имиџ на држава во која сите големи империи, во различни историски периоди, доживувале порази и неуспех да ја освојат. Од Александар Македонски и Јулије Цезар, преку Британската имерија и моќниот Советскиот сојуз, сега и САД се повлекуваат од Авганистан со високо платена цена и неуспех да воспостават мир, демократија ,напредок и цивилизациски вредности

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen + seventeen =