Башески: Џифони Филмски Денови во пресрет на десеттото издание на „Џифони Македонија“

You must need to login..!

Опис

Почнувајќи од оваа сабота па секоја наредна се до 11 јуни во Кинотека на Македонија во пресрет на новото издание на Филмскиот фестивал за деца и млади „Џифони Македонија“ предвидена е програма насловена како „Џифони филмски денови“ намената за учениците од скопските основни училишта.

Секоја сабота со почеток од 10 часот ќе биде прикажан по еден европски игран филм за младата публика, проследен со дискусија и средба со филмски автор или актер.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со организаторот на фестивалот за млади Џифони, Дарко Башески.

-И порано имавме „Џифони ден“ како еден ден, но сега, бидејќи оваа година го имаме десеттото изданиен а филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, одлучивме да направиме уште десет денови наречени „Џифони филмски денови“ на кои што младите можат да гледаат филмови, да се дружат, да дискутираат да се сретнат со филмски автори и да учествуваат на работилница наречена „Филмска училница“.

-Филмовите се избрани со таргет на младата публика, на средношколци и основци. Се опфаќаат разни теми кои што ги засегаат најмногу нив – од екологија, предрасуди, љубов, забава, односи со родителите.

-Јас се надевам дека пред сѐ ќе се забавуваат добро, бидејќи идејата е да ги собереме младите од разни училишта, да се сретнат на едно место, да се дружат, вели Башески.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

five × 3 =