Барлакоски: Радев нема ингеренции за испраќање на служби, тоа е чист ПР потег со предизборна цел

You must need to login..!

Опис

Потегот кој го направи бугарскиот претседател Румен Радев е ништо друго освен предизборна кампања. Колку што јас го познавам бугарскиот систем таквите служби се потчинети под премирот и претседателот нема командна власт врз нив. Радев може да се интересира за бугарските граѓани надвор од Македонија, но тој ја нема моќта да дава овластувања на разнузнавачките служби за делување надовор од Бугарија, па и внатре во Бугарија, изјави во Утрински брифинг Божидар Барлакоски.

Излегува дека Македонија е солидно топовско месо за добивање на ефтини политички поени и бугарскиот политички естаблишмент некако многу често по потпишувањето на Догоорот за добрососедство игра на оваа карта пред изборите. Сепак таквиот мисионерски комплекс на коалиционите патриоти во владата „да ја извадат Македонија од српското влијание и да ја вратат на Санстефанскиот корен“ се покажува како голем залак како за Бугарија како и за европските партнери кои немаат никаков абер за каков контекст на проблемот станува збор и затоа Бугарија има проблем да го објасни нејзиниот новонастанатиот анимозитет кон Владата во Македонија, смета Барлаковски.

Веќе потпишаниот Договор за добрососедство е еден вид на гаранција и ако ги анулираме сите гаранција јас не гледам логика во поштпишување на анекси и нови договори. Колку што јас сум запознаен со случајот Бугарите скаат автентично толкување на историјата по нивни рецепт и мислам дека е погрешно да се градат билатерални односи на толку блиски држави околу ваков чисто академски спор, вели Баралкоски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eight − eight =