Барзов: Дупло намалување на продажбата на нови возила – есенцијален проблем во безбедноста на патиштата е староста на возниот парк

You must need to login..!

Опис

Пандемијата ја поремети оската на планетата, така и сите работи се редефинираат. Фабриките го редуцираат бројот на произведени автомобили. Ние како пазар не се исклучуваме од општиот евроопски тек на продажба, но проблем е кај нас што не може да се одлепиме од онаа бројка од нови 4.500-6.000 автомобили продадени годишно, изјави во Утрински брифинг Мишко Барзов, новинар и сопственик на Автомагазин

-Годинава бележиме скоро двоен пад на вкупно продадени автомобили во однос на лани. Минатата година имавме увоз на 38.000 увезени стари возила во Македонија, оваа година не очекувам таа бројка да биде поголема од 20.000. Мерката на владата за префрлање на табличките нема да донесе еколошки импакт, ниту пак подмладување на нашиот возен парк. Тоа повеќе е психолошка и политичка мерка, вели Барзов, и додава дека есенцијален проблем во безбедноста на патиштата е староста на возниот парк.

-Овој тренд се појавува и во западна Европа, така што во една Германија која е модел како треба да се функционира, просечната старост на возниот парк достигна рекордни 9,6 години, вели Барзов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 − one =