Банка за храна Македонија: Огромни количини употреблива храна завршува на депониите

You must need to login..!

Опис

Граѓанската организација „Банка за хранаМакедонија“ веќе десет години се обидува да направи конекција помеѓу храната што се фрла од една страна и гладните луѓе кои не можат да си дозволат оброк од друга страна.

Претседателот на организацијата, Душко Христов, денеска во Утрински брифинг рече дека застрашувачи е податокот дека околу 80.000 луѓе јадат само два-три пати неделно. -Разочарувачки е што многу компании храната со истечен рок или пред истекување на рокот ја фрлаат во ѓубре, со таа храна можеле да се нахранат многу гладни. Нивниот изговор е законот за донација и спонзорство, според кој донаторите на храна мораат да платат данок на додадена вредност, рече Христов.

Тој додаде дека како организација имале идеја да постават и фрижидери за храна на јавни места, но се откажале бидејќи не успеале да најдат волонтери за чување на фрижидерите и донатори а електричната енергија која ќе се потроши.

Во продолжение погледнете го разговорот со Душко Христов:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 + nine =