Балковски: Соработката со Бугарија треба да ја искористиме за нова патна инфраструктура

You must need to login..!

Опис

-Почетокот на новата Влада, веднаш дојде со посетата на премиерот Ковачевски на Бугарија, а претходно со Петков во С Македонија. Се воспоставува еден вид на соработка која што е преточена во пет меѓувладини мешовити групи, а тоа сега има поддршка и од ЕУ и на некој начин овој период до јунскиот самит треба да го искористиме заеднички и Македонија и Бугарија, а и ЕУ, за да докажеме дека на овој простор може да функционираат и мешовити групи различни од историската група, изјави за Утрински брифинг пратеникот Љупчо Балкоски.

-Треба да го искористиме нашиот моментум. Сега ни се дава можност како држава да докажеме дека можеме со друга земја заеднички да понудиме нешто пред Европската унија.

-Тоа значи многу и од просторен аспект затоа што ние со Коридорите 8 и 10 кои се фаворизирани и кај нас и во ЕУ, но и со внатрешно просторно организирање преку просторниот план на РСМ и поврзување со европскиот систем, ние тогаш ќе станеме еден европски заеднички просторен систем, вели Балковски.

Во однос на Декларациите кои ВМРО-ДПМНЕ ги предлага во Собранието Балковски рече: -Ние можеме  безброј декларации да донесеме за Гоце, за името, за Бугарија, но секој кој поднесува треба да знае каде тоа ќе не одведе каде ќе стигнеме со тоа. Дека нема да оставиме нешто за во иднина за Европа за пошироко, таа дека ќе биде само за нас. И секој месец да усвојуваме декларации тоа ќе биде за нас нема да не одведе никаде. Треба да црпиме од историјата, а не да застануваме на историски теми, тоа нема да не однесе напред. Нема да не доведе тоа до целта што сакаме да ја постигнеме – влез во Европската Унија. Во 2008 кога не одбија од НАТО ние сме свртевме кон античкиот идентитет дека сме најстари и најдобри и добивме блокада. Сега со самодокажување наше историско може да ни се случи никој да не не посакува, дециден е Балковски.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

8 + seventeen =