Бакревска: Ја поздравуваме секоја вонредна контрола на Царина

You must need to login..!

Опис

Актуелна тема се камионите кои се запрени на Царина и дел од нив подлежат на вонредна инспекциска контрола.

Ја поздравуваме секоја вонредна контрола на Царина
Наташа Бакревска во Скопски агол на Утрински брифинг

Гостинка во Скопски агол на Утрински брифинг беше менаџерот за животна средина и алтернативни горива, Наташа Бакревска.

Ова е вкупно шести пат како вршиме увоз на алтернативно гориво од Италија со транзит преку Грција и е вообичаена пракса. Употребата на овој вид горива е започнато на крајот од 2018 и 2019 година употребивме околу 4.000 тони алтернативни горива.

Тоа што се запрени камионите за вонредна контрола е вообичаена пракса за царината дури и кога станува збор и за друга роба.

– Бакревска

Ние ја поздравуваме секоја вонредна контрола на Царина. Мислам дека ќе потврдат дека овие материјали се она што е декларирано, изјави Бакревска.

Соопштение од Царинската управа –  29 Јануари 2020

Дополнително е подигнат степенот на проверка и контрола на секаков вид отпад и материи кои би можеле да го загрозат здравјето на граѓаните.

 Државниот инспекторат за животна средина во координација со МЗЖП и Царинската управа, извршија вонреден инспекциски надзор на 11 камиони  со отпад (RDF) од Италија, чија крајна дестинација е Цементарница УСЈЕ која поседува дозвола за користење на RDF отпад како алтернативно гориво. Камионите се запрени на влез на граничниот премин Богородица. Вкупна количина на отпадот е 261 тон.

Резултатите од анализите се очекуваат за околу десет дена. Се до добивањето на резултатите камионите со отпад ќе бидат складирани под соодветен надзор.

Предметните пратки се декларирани како RDF отпад кој претставува алтернативно гориво произведено од отпад кој содржи биоразградливи материјали.

Неразградливите материјали се претходно отстранети во целост во сложена постапка на сортирање и рециклирање во инсталации за преработка на отпад. Истото се користи за генерирање на енергија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × two =