Баевска – Вучковиќ: Целта на Никоб Медикал е да биде поддршка на животот на граѓаните

You must need to login..!

Опис

Се прославува една година од основањето на Никоб Медикал, но компанијата многу бргу напредуваше. Ние сме блиски до граѓаните кога сме им потребни и им даваме примарни здравствени услуги на граѓаните и дома и на работното место, а нашата клиника е лоцирана во Кисела Вида, вели за Утрински брифинг д-р Татјана Баевска – Вучковиќ, директор на ПЗУ Никоб Медикал.

-Примарната здравствена заштита е клучна оти е темелот на здравствениот систем. Ако темелот не е добар, ќе се урне системот. Во одредени делови од градот и земјата за време на пандемијата имаше недостапност за граѓаните. Според нашата ценовна политика цените ни се најпристапни затоа што здравјето е најбитно, вели Баевска – Вучковиќ.

Таа додава дека во моментот располагаат со 10 амбулантни возила и 82 вработени лица, а функционираат не само во Скопје туку и во целата земја за сите кои имаат потреба од медицински транспорт. Најдалечна дестинација што ја поминале е Скопје-Бон-Скопје бидејќи возилата се опремени со најсовремена опрема според сите меѓународни протоколи за медицински транспорт.

-Наша проценка е за град Скопје на местото на повик да бидеме за најмногу 30 минути, а и побргу зависно од локацијата. Ние помогнавме за време на пандемијата за квалитетот на живот. Никоб е компанија и за обезбедување која има 90 патроли и тоа нам ни помага. Нам ни е целта да бидеме постојано достапни за граѓаните. Домашна посета со лекар и медицинска сестра со сите медицински услуги чини 1500 денари. Имаме и пакети во категорија на превентивни пакети со кои посебно се таргетирани хронични болни. Имаме соработка со државното здравство. Ако медицинскиот тим процени дека му е потребна терцијарна заштита на пациентот го носиме во државните болници, вели таа.

Баевска – Вучковиќ додава дека нивната компанија ги следи барањата на јавноста. Сега имаат матичен лекар и во Шуто Оризари, а од јануари има и матичен лекар за општина Кисела Вода каде што има дефицит на матични лекари. Во следниот период плановите на компанијата се проширување на матичен гинеколог и педијатар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

thirteen + five =