Бабовски: Будно ја следиме ситуацијата – преземаме соодветни мерки за можното ширење на птичјиот грип

You must need to login..!

Опис

Претходната недела во медиумите проструи информација дека во соседна Грција во областа Мала Преспа потврден е случај на птичји грип откако беше пронајден голем број на мртви пеликани.

Тоа пак веднаш го подигна алармот и кај соседните земји, и кај нас во Македонија.

Претходно вирусот во два одделни случај беше потврден и кај нас. Надлежните ја следат состојбата и не се исклучува можноста да бидат забележани нови случаи.

Болеста може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија. Кај домашната живина, птици кои се чуваат како миленичиња и диви птици, болеста предизвикува висока стапка на смртност.

Во рамки на дефинираните мерки во земјава беа спроведени дополнителни прегледи на одгледувалиштата и попис на живината на фармите.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.

-Кај нас се забележани два изолирани случаи. Едниот беше во Злокуќани кај диви птици во текот на февруари, другиот беше во Штип, кај преселна птица Корморан. Мошне будно ја следиме ситуација и на дневна база ги разменуваме информациите со соседните земји, Европа и светот, односно навремено се преземаат соодветни мерки за спречување на појава и ширење на одредени болести во нашата држава.

-Во периодот на декември 2021 и јануари 2021 имавме засилен мониторинг на живина, со тоа што не откривме ниту еден случај.

-Овој прв изолиран случај беше потврден на 17-ти февруари, од тогаш наваму, со исклучок на Корморанот во штипско немавме забележано нов случај.

-Карактеристично е во овој период на годината, кога е вториот бран на преселба на птиците, да дојде до појава на изолирани на ова заболување, бидејќи главниот резервоар за оваа болест, за птичјиот грип, се токму птиците преселниции, односно дивите птици, вели Бабовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

nineteen + six =