Аџиоски: Неработењето на градоначалниците од СДСМ не доведе да мора да го продолжиме рокот за легализација

You must need to login..!

Опис

Измените на стариот закон за легализација се наметнаа од потребата за продолжување на рокот во кој што општините беа должни да ги решат доставените комплетирани барања од граѓаните, тој рок беше до трети март 2021 година. Министерството за тренспорт и врски излезе со информација дека има околу 130 илјади нерешени предмети од граѓаните тука се наметна потребата од продолжување на тој рок за да можат општините да постапуваат по предметите што се доставени до нив.

Продолжувањето на рокот е најголем доказ за да речеме неспособноста и неработењето и на централната власт и секако и на локалните самоуправи посебно во овие четири години кога најголемиот број на градоначалници се од редовите на СДСМ кои што гледаме дека не ги решавале предметите, стоеле по фиоки, и сега дојдовме до ситуација да мора да се бара продолжување на рокот за наредните пет години во кои што општините ќе можат да излезат во пресрет на граѓаните да ги решат нивните комплетирани,м а нерешени предмети, изјави за УБ пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Мирче Аџиоски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 2 =